21 април 2026
• од Темелко Тошев
Наместо достоинствено згрижување, скопјанецот П.М., кој ја бранеше татковината во Арачиново, доби руинирана барака, извршители и децениско шетање низ лавиринтите на бирократијата.
На само 22 години, во крвавата 2001 година, скопјанецот П.М. беше на првата борбена линија во Арачиново. Додека многумина бегаа од воениот виор, тој се одзва на повикот на државата. Таму, во одбрана на татковината, беше тешко ранет од гранати. Оттогаш, неговиот живот е засекогаш променет – живее со 100% инвалидитет.
Денес, 25 години по конфликтот и цели 15 години по поднесувањето на барањето за станбено згрижување, П.М. сè уште чека одговор од државата за која го жртвуваше сопственото здравје.
Од 2010 година, неговиот предмет е „активен“ пред владината Комисија за станбени прашања. Неговата сопруга, со револт и тага, раскажува за институционалниот ѕид во кој удираат со години.
„Уште во 2010 година ни беше кажано дека барањето ќе биде разгледано ’на некоја од следните седници‘. Петнаесет години подоцна, ние сè уште немаме конечна, писмена и образложена одлука. Ова не е прашање на добра волја, туку на Устав и закон“, вели таа.
Таа потсетува на Член 36 од Уставот, кој гарантира посебни социјални права за воените инвалиди, како и на Законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили, кој предвидува приоритет при добивање стан под закуп.
Наместо стан, во 2003 година семејството добило привремен монтажен објект – барака во Стајковци. По поплавата во 2008 година, овој објект стана небезбеден за живеење.
Дека не станува збор за субјективно чувство на неправда, потврдуваат и официјалните институции:
„Проблемот не е што државата ’не знае‘. Проблемот е што не одлучува“, дециден е П.М.
П.М. нагласува дека неговото семејство има длабоки корени во градењето и одбраната на државата – од неговиот дедо во НОБ, па сè до него во 2001 година.
„Не барам милост. Не барам политика. Барам само тоа што ми следува: конечна и законита одлука. Државата никогаш не била туѓа работа во мојот дом. Ја градевме, ја браневме, а денес бараме само да си ја исполни обврската.“
Од Комисијата за станбени прашања при Владата, на прашањата на „Фокус“, одговорија со ветување дека конечно се гледа крајот на оваа голгота.
Иако одговорите сугерираат дека седницата можеби веќе се одржала минатиот петок, семејството на П.М. сè уште е во неизвесност. Дали 15-годишното чекање ќе заврши со клуч од пристоен дом или со уште едно „известување за статус“, останува да видиме во наредните денови.
Фон дер Лајен му честиташе на Радев: „Бугарија е горд член на европското семејство“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

