20 април 2026
• од Темелко Тошев
Пратеникот од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Блерим Беџети, упати остра порака до политичките чинители во земјата, барајќи итно усвојување на уставните измени со кои Бугарите би биле впишани во Уставот. Според него, државата веќе нема простор за политички маневри и одложувања кои го кочат европскиот пат.
Беџети смета дека секој изминат ден без одлука претставува директна штета за граѓаните и за стратешките цели на државата. Тој децидно порача дека прашањето на уставните измени не смее да остане во фиока.
„Уставните измени не можат и не смеат повеќе да чекаат. Немаме бескрајно време. Секој ден без одлука е чекор назад и реална цена за државата и за граѓаните“, изјави Беџети, пренесува Скопје1.мк.
Фокусот на неговото обраќање беше ставен на тоа дека албанскиот политички блок и граѓаните Албанци не се подготвени да ја жртвуваат својата европска иднина поради внатрепартиски стратегии или страв од преземање одговорност.
Додека актуелната Влада покажува претпазливост и бара гаранции дека нема да се соочи со нови блокади од страна на Софија по евентуалното отворање на Уставот, Беџети инсистира на итност. Тој предупредува дека секое натамошно одложување ќе донесе долгорочни и непоправливи последици за стабилноста и развојот.
„Ако сакаме да одиме напред како држава, мора да носиме одлуки сега. Уставни измени сега, не утре“, заклучи тој.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

