20 април 2026
• од Темелко Тошев
Иако поминаа помалку од три месеци откако системот за камери за безбедност во сообраќајот беше целосно ставен во функција, првичните податоци покажуваат драстично подобрување на дисциплината кај возачите.
Според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи (МВР), разликата помеѓу тест-периодот и тековната примена е енормна. Доколку во тест-фазата во трите града каде што беа поставени камерите беа регистрирани над 60.000 прекршоци, само два месеци подоцна, заклучно со крајот на март 2026 година, бројките покажуваат дека сообраќајните прекршоци на местата со камери се намалени за 68%.
Од полицијата нагласуваат дека новата технологија веќе влијае на свеста на граѓаните. Во текот на месец март, системот „Безбеден град“ ширум Македонија регистрирал вкупно 26.241 сообраќаен прекршок.
Особено вреди да се истакне падот кај минувањето на црвено светло, каде се евидентирани само 70 случаи, што претставува намалување од 68,2% во споредба со претходниот месец. Најголем дел од прекршоците, односно 25.230, се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, додека 941 прекршок бил за управување возило со истечена дозвола.
Сообраќајниот инженер Рефик Мифтари смета дека овие резултати се јасен показател дека системот е ефикасен. Според него, воведувањето на камерите од 1 февруари е клучен чекор кон поголема безбедност на патиштата.
„Ако направиме кратка споредба, во декември 2025 година, за само 12 часа во тест-фазата беа регистрирани 65.000 прекршоци. Во март 2026, бројката за цел месец е 26.241. Ова е јасен индикатор за подобрување на однесувањето на учесниците во сообраќајот,“ истакнува Мифтари.
Мифтари децидно предлага системот „Безбеден град“ (Safe City) да се имплементира во сите градови за да се воспостави целосна контрола и дисциплина. Тој смета дека проширувањето е неопходно, но нагласува дека системот треба да биде придружен и со други мерки:
Според експертите, комбинацијата на строги казни, нивното доследно спроведување во пракса и зголемената самосвест кај возачите се клучните фактори кои ќе доведат до долгорочна безбедност на македонските улици.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

