21 април 2026
• од Тодор Вангелов
На денешниот ден, 21 април 2026 година, Православната црква го чествува споменот на група свети мажи од кругот на Седумдесеттемина апостоли. Овие Христови следбеници, кои светиот апостол Павле со љубов ги спомнува во своите посланија, беа првите мисионери кои го расејаа семето на христијанството низ тогашниот свет.
Свети Иродион бил роднина на апостолот Павле, кој во Посланието до Римјаните порачува: „Поздравете го мојот роднина Иродион“. Како епископ во Неопатрија, тој претрпел страшни маки од страна на противниците на верата. Бил тепан со стапови, каменуван и прободуван со ножеви. Иако бил оставен како мртов, по Божја промисла тој станал и продолжил да им служи на останатите апостоли. Својот пат го завршил маченички во Рим, погубен на истиот ден кога бил распнат светиот апостол Петар.
Свети Агав остана запаметен по својот пророчки дух, потврден во „Делата Апостолски“. Тој го прорече големиот глад што се случи во времето на кесарот Клавдиј, но и страдањето на самиот апостол Павле. Земејќи го појасот на Павле, тој симболично си ги врзал сопствените раце и нозе, претскажувајќи дека токму така Евреите ќе го оковаат сопственикот на тој појас во Ерусалим.
Покрај нив, денеска се слават и други големи имиња од раната црква:
За овие светители се вели дека биле како „пчели Христови“. Тие не барале слава за себе, туку како работливи пчели го собирале и разнесувале духовниот мед на Евангелието по разни краишта на светот. Нивниот пат бил исполнет со страдања и жртви, но водени од неизмерната љубов кон Христа, сите тие се преселија во Неговото вечно Царство, оставајќи ни светол пример за тоа како се сведочи вистината.
Нека им е вечен споменот!
Фон дер Лајен му честиташе на Радев: „Бугарија е горд член на европското семејство“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

