20 април 2026
• од Темелко Тошев
Само 461 лице се одважиле да излезат на гласање, додека претседателот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, најавува дека ќе ги информира европските институции за „режимот на Мицкоски“.
На неодамна одржаните парламентарни избори во Бугарија, во Северна Македонија своето право на глас го искористиле само 461 граѓанин. Според тврдењата кои ги пренесува бугарскиот портал Lupa.bg, нискиот одзив не е резултат на незаинтересираност, туку на директен притисок од македонските безбедносни служби.
Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, тврди дека припадници на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) вршеле опсервација на гласачките места со цел да ги заплашат гласачите.
„Пред секоја од петте изборни единици стоеја по повеќе од пет цивилни полицајци од безбедносната служба и го снимаа секој Бугарин кој гласаше. Ова брутално прекршување на правата има погубно влијание врз излезноста“, изјави Стојанов за Lupa.bg.
Тој додаде дека за овие дејствија на „режимот на Мицкоски“ уште веднаш ќе бидат известени сите европски партнери и институции на ЕУ.
Од друга страна, македонскиот премиер Христијан Мицкоски викендов го коментираше малиот број пријавени гласачи, не пропуштајќи да упати критика кон тврдењата на бугарскиот државен врв за бројноста на бугарската заедница во земјава.
Иако во јавноста првично се бараташе со бројката од 210 поднесени пријави за гласање, на крајот бројот на гласачи изнесуваше 461. Ова се должи на законската можност во Бугарија да се гласа и без претходна најава, со пополнување декларација на самото место.
Гласањето се одвиваше во пет градови:
И покрај зголемениот број во однос на пријавените, бугарските организации во земјава сметаат дека потенцијалот од над 25.000 луѓе останал неискористен токму поради стравот од „будното око“ на македонските служби.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

