21 април 2026
• од Стефан Николов
Додека премиерот Мицкоски ја пласира приказната за Македонија како трета економија по раст во Европа, бројките и реалноста на терен покажуваат дебакл. Аналитичарот Мерсел Билали со остар коментар за глобалните превирања и домашните економски падови.
Светот се наоѓа во исклучително турбулентен период, а последиците од геополитичките судири веќе се чувствуваат и кај нас. Аналитичарот Мерсел Билали во својот последен осврт прави паралела меѓу глобалната несигурност и домашната економска стагнација, нагласувајќи дека додека „селото гори“, македонската власт се забавува со нереални наративи.
Билали посочува на анкетата на шпански „Паис“, каде дури 81% од испитаниците го гледаат Доналд Трамп како најголема закана за светскиот мир. Тој потсетува дека во САД веќе сериозно се дебатира за 25-тиот амандман за негово разрешување.
„Јазикот на Трамп е секогаш побрз од неговите мисли. Тој се заканува, вика, негира... Во три изјави прави четири контрадикции“, вели Билали, додавајќи дека неговиот однос кон НАТО ја прави алијансата „тигар од хартија“ која без САД само шепоти.
Дополнително, тој го отвора и прашањето за мистериозното исчезнување на десет врвни американски научници и воени лица, што внесува дополнителен немир во светската безбедносна архитектура.
Најкритичниот дел од анализата на Билали се однесува на македонската економија. Додека власта предводена од Христијан Мицкоски се фали со економски успех, статистиката е немилосрдна.
Билали прави споредба со регионот која е поразителна за Македонија:
Наспроти нив, Македонија се соочува со вистински колапс.
„Македонија, со околу 468 милиони во првите три квартали и пад од околу 61%, се позиционира како една од најслабите економии во регионот во 2025 година. Наместо да продолжи трендот од рекордната 2024 година, гледаме огромен пад“, алармира Билали.
Според Билали, ударот врз домашната економија е резултат на комбинација од три фактори: енергетска несигурност, висока инфлација и слаб раст. Тој смета дека конфликтот со Иран дополнително ќе ги затресе пазарите на нафта и гас, што за мала економија како нашата може да биде фатално.
„Премиерот ни нуди сув леб и игри, без ЕУ! Ова е победа на илузијата над интелигенцијата. Во овој момент, стравот од животот кај нас е поголем од стравот од смртта, додека грабежот на векот се случува секој месец“, заклучува Билали во својата анализа за порталот.
На крајот, останува прашањето: Колку долго може да издржи „економијата на третото место“ пред целосно да капитулира пред реалноста на празните џебови на граѓаните?
Фон дер Лајен му честиташе на Радев: „Бугарија е горд член на европското семејство“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

