26 април 2026
• од Тодор Вангелов
Светски лидери изразија шок и осуда по вооружениот инцидент на вечерата на дописниците од Белата куќа, што се одржувала во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон. Повеќето од нив порачаа дека политичкото насилство нема место во демократските општества, истовремено пофалувајќи ја брзата реакција на американската Тајна служба, полицијата и службите за итна помош.
Според информациите, осомничениот за нападот, идентификуван како Кол Томас Ален, бил вооружен со сачмарка, пиштол и повеќе ножеви кога упаднал во лобито на хотелот. Тој успеал да помине покрај безбедносните барикади, но агентите на Тајната служба брзо реагирале, го совладале и го привеле.
Американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс веднаш биле евакуирани од сцената откако се слушнале истрели во хотелот каде што се одржувала вечерата.
Еден полициски службеник бил погоден, но бил заштитен со панцир. Трамп изјави дека разговарал со повредениот полицаец и потврди дека тој е во добра состојба.
„Насилството нема место во политиката, никогаш“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата X, притоа пофалувајќи ја брзата реакција на полицијата и службите кои ја обезбедиле безбедноста на присутните.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изрази олеснување што сите присутни, вклучувајќи го и претседателот Трамп, се безбедни. „Настан кој треба да ја оддаде почитта кон слободниот печат никогаш не смее да стане сцена на страв. На повредениот полицаец му посакувам брзо закрепнување“, додаде Калас.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази „целосна солидарност и искрено сочувство“ со Трамп и со присутните на вечерата. Таа нагласи дека „политичката омраза нема место во нашите демократии“ и додаде дека не смее да се дозволи фанатизмот да ги отруе просторите на слободна дебата и информирање.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача: „Одлучуваме со мнозинства, не со оружје“. Тој истакна дека е олеснет што претседателот Трамп, првата дама Меланија Трамп и сите присутни на настанот се безбедни.
Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени инцидентот како „неприфатлив“ и му изрази „целосна поддршка“ на американскиот претседател.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот, порачувајќи дека „во демократиите борбите се водат со идеи; нема место за каква било форма на насилство“.
Канадскиот премиер Марк Карни изрази олеснување што сите се безбедни. „Политичкото насилство нема место во ниту една демократија и моите мисли се со сите кои беа потресени од овој вознемирувачки настан“, напиша тој на X.
Британскиот премиер Кир Стармер порача дека „секој напад врз демократските институции или врз слободата на печатот мора да биде осуден на најсилен можен начин“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја пофали американската Тајна служба за нејзината „брза и одлучна акција“ и му посака целосно и брзо закрепнување на повредениот полициски службени
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

