26 април 2026
• од Тодор Вангелов
Осомничениот за вооружениот инцидент за време на настан во Белата куќа, на која присуствуваше американскиот претседател Доналд Трамп, е идентификуван како 31-годишниот Кол Томас Ален од Торенс, Калифорнија, јавуваат американски и британски медиуми.
Според првичните информации од истрагата, Ален немал криминално досие и претходно не бил предмет на интерес на безбедносните служби. Полицијата верува дека тој бил гостин во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржувал настанот.
Инцидентот предизвикал паника меѓу присутните, откако биле испукани повеќе куршуми. CBS News, повикувајќи се на извори запознаени со истрагата, објави дека за време на нападот биле испукани најмалку пет до осум истрели. Претседателот Трамп не бил повреден.
По апсењето, осомничениот наводно им рекол на властите дека целел кон функционери од администрацијата на Трамп, пренесе CBS News, повикувајќи се на два извора. Истрагата продолжува, а властите засега го третираат случајот како изолиран напад.
Говорејќи на прес-конференција по инцидентот, Трамп го опиша напаѓачот како „осамен волк“. Според медиумските извештаи, безбедносните служби брзо реагирале и го ставиле осомничениот под контрола, додека присутните биле евакуирани од салата.
Федералните и локалните власти продолжуваат да го утврдуваат мотивот за нападот, како и начинот на кој осомничениот успеал да се приближи до просторот каде што се одржувала вечерата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

