26 април 2026
• од Тодор Вангелов
Трговската размена меѓу Северна Македонија и Бугарија во 2025 година достигнала 1,317 милијарди евра, беше соопштено на Бугарско-македонскиот бизнис форум во Софија, на кој учествуваа повеќе од 80 компании од двете земји.
Заменик-министерот за економија и индустрија на Бугарија, Антон Костадинов, на отворањето на форумот оцени дека постои значителен простор за проширување на економската соработка меѓу двете соседни земји, особено преку олеснување на инвестициите, намалување на административните пречки и подобрување на транспортната и дигиталната поврзаност.
„Приоритет е да ги поддржуваме иницијативите што ги олеснуваат инвестициите и ги отстрануваат административните и логистичките бариери“, изјави Костадинов.
Според него, енергетиката, градежништвото, фармацијата, туризмот и земјоделството се сектори во кои Северна Македонија и Бугарија имаат најголем потенцијал за нови партнерства и заеднички проекти.
Во рамки на настанот беше отворена Бугарско-македонската трговско-индустриска комора со седиште во Софија. Костадинов оцени дека новата комора, во соработка со Македонско-бугарската стопанска комора од Скопје, може да стане важен канал за поддршка на малите и средните претпријатија, како и за продлабочување на економските врски меѓу двете земји.
Организатор на форумот беше Бугарската трговско-индустриска комора, а целта на настанот беше да се поттикнат нови инвестиции, деловни партнерства и заеднички иницијативи меѓу компаниите од Северна Македонија и Бугарија.
На форумот присуствуваа и амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, претседателот на Бугарско-македонската трговско-индустриска комора, Атанас Радев, претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, Билјана Митева, како и заменик-претседателот на Бугарската трговско-индустриска комора, Васил Тодоров.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

