20 мај 2026
• од Темелко Тошев
Премиерот на Бугарија соопшти дека остварил телефонски разговор со американскиот претседател, како и со министерот за одбрана на САД, во врска со визниот режим и военото партнерство.
Премиерот на Бугарија, Румен Радев, оствари телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на кој го покрена прашањето за укинување на американските визи за бугарските граѓани. Ова го соопшти бугарскиот премиер пред почетокот на седницата на Министерскиот совет, нагласувајќи дека очекува ова прашање да биде разгледано по итна постапка. Радев информираше дека претходно разговарал и со американскиот министер за војна (одбрана), Пит Хегсет.
Разговорите со високите американски претставници доаѓаат во контекст на воената соработка меѓу двете земји.
„На аеродромот ‘Васил Левски’ во Софија се стационирани авиони-цистерни на американските военовоздухопловни сили – наш стратешки партнер и сојузник. Тие престојуваат таму со одлука на Министерскиот совет на кабинетот на Жељазков, со рок на престој до крајот на месец мај. Очекувам американската страна да побара продолжување на нивниот престој на аеродромот во Софија. Во таа насока, вчера остварив телефонски разговор со министерот за војна на САД, а потоа и со претседателот Трамп“, изјави бугарскиот премиер.
На седницата беше најавено и формирање на Совет за административна реформа, со кој ќе претседава вицепремиерот Галаб Донев. Радев потенцираше дека реформата во бугарската администрација има две јасни цели: зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците, но без масовни отпуштања кои би го нарушиле административниот капацитет.
Според премиерот, реформите ќе се спроведат дури откако ќе се направи длабинска анализа за да се утврди кои функции се преклопуваат, кои се застарени, а кои можат да се автоматизираат и дигитализираат.
Клучните чекори на реформата вклучуваат:
„Имаме јасни критериуми за успех: намалување на бирократскиот товар за граѓаните и бизнисот, скратување на времето за административна услуга, поголема транспарентност и отчетност, како и оптимизирање на јавните трошоци при задржување на квалитетот на услугите“, истакна Радев.
На крајот, бугарскиот премиер најави дека владата формира меѓуресорски организациски комитет за одржување на „Евровизија“ во Бугарија, со кој ќе раководи вицепремиерот Иво Христов, а во кој ќе бидат вклучени и ресорните министерства.
„Целата недела поминува во знакот на грандиозниот бугарски успех на Евровизија и од нас зависи да го искористиме максимално. За нас во владата нема време за емоции, бидејќи подготовката како обем и организација е огромна. Таа бара не само финансиски ресурси, туку и исклучително многу координација. Уште оваа недела ќе ги поканиме DARA, нејзиниот тим и раководството на БНТ (Бугарската национална телевизија) за да се координираме по сите овие прашања“, заклучи премиерот на Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

