19 мај 2026
• од Темелко Тошев
Собранието по скратена постапка ги изгласа измените на Законот за студентски стандард, предложени од група пратенички на ВМРО-ДПМНЕ. Новите законски решенија носат коренити промени во начинот на финансирање на студентското сместување и распределбата на стипендиите.
Додека предлагачите тврдат дека со ова се унапредува системот, во јавноста веќе се појавија сериозни критики дека државата ја намалува поддршката и го префрла финансискиот товар директно врз грбот на студентите и нивните семејства.
Со новиот закон се воведува целосно нова категоризација на студентските домови, кои во иднина ќе бидат поделени во два типа:
Најголемата промена доаѓа во моделот на финансирање на сместувањето и исхраната. За домовите од Тип 1, државата во иднина ќе покрива само до 40% од трошоците (за разлика од досегашните 50%). За нереновираните домови од Тип 2, партиципацијата на државата останува до 50%.
Што значи ова во пракса? Студентите кои ќе бидат сместени во реновираните домови ќе плаќаат значително повисоки цени, кои ќе се утврдуваат според „реалните трошоци“. Поради ова, постои оправдан страв од создавање на „двокласен систем“, каде што пристојните и модерни услови за живеење ќе бидат достапни само за оние со подлабок џеб.
Измените со законот направија сериозен прераспределба и кај соодносот за доделување на државните стипендии. Новиот сооднос на сите достапни стипендии изгледа вака:
Лоша вест пристигнува и за сите оние студенти кои нема да успеат да добијат место во државните домови. Со новиот закон целосно се бришат одредбите донесени за време на ковид-кризата.
Ова значи дека студентите кои ќе останат „под црта“ при распределбата на леглата во домовите, повеќе нема да имаат законско право на месечен надоместок до 6.000 денари кој досега го користеа за покривање на трошоците за приватно сместување или за меѓугородски превоз.
Иако во официјалното образложение се тврди дека законот нема дополнителни фискални импликации врз државниот Буџет, критичарите предупредуваат на опасен тренд. Во време на економска криза и постојан раст на трошоците за живот, државата постепено ја намалува својата социјална функција во високото образование, оставајќи ги студентите сами да се справуваат со поскапувањата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

