20 мај 2026
• од Гоце Кически
Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Мејдани, предвреме ќе го заврши својот дипломатски мандат во земјава, објави албанската телевизија А2, повикувајќи се на дипломатски извори од Скопје и од Министерството за надворешни работи на Албанија.
Според информациите на медиумот (кој е ексклузивен партнер на CNN за Албанија и Косово), причината за ваквиот ненадеен потег се сериозните незадоволства и поплаки кои дошле директно од партиите на власт во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН).
Неофицијално, на македонските владејачки партии им пречеле јавните ставови и дебати во кои се вклучувал амбасадорот Мејдани, а кои директно ја тангирале македонската внатрешна политика.
Телевизијата А2 во својот извештај потенцира:
„Причините за потегот се поплаките и незадоволството на коалицијата ВЛЕН и ВМРО од албанскиот дипломат за неговите ставови во дебатите и дискусиите што ја вклучија и македонската политика, а кои се поврзани со незадоволството на Албанците за различни прашања, од кои последното е за албанскиот јазик.“
Дипломатот очигледно заземал цврсти ставови околу актуелните општествено-политички превирања во Македонија, особено по бурните дебати поврзани со статусот на албанскиот јазик и законите кои го регулираат неговото користење, што предизвикало револт кај Скопје.
Иако неговото заминување од Македонија изгледа извесно, дипломатската кариера на Мејдани најверојатно ќе продолжи во регионот.
Статијата на веб-страницата на А2 е објавена под насловот „Тој застана на страната на албанските студенти: Ферит Хоџа (министер за надворешни работи на Албанија) се подготвува да го отстрани Мејдани од амбасадорската функција“, што дополнително укажува на тоа дека шефот на албанската дипломатија веќе ги прави финалните подготовки за смена на амбасадорот во Скопје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

