20 мај 2026
• од Темелко Тошев
Голем скандал ја потресе косовската полиција откако двајца службеници биле фатени на дело во прилично компромитирачка ситуација додека биле на должност.
Според информациите што ги пренесуваат косовските медиуми, станува збор за маж и жена, етнички Срби со иницијали Н.П. и Р.Т., кои биле вработени во полициската станица во Косовска Митровица.
Љубовната романса на работното место завршила неславно кога парот бил изненаден од друга единица на косовската полиција. Нивните колеги, кои биле во редовна патрола, ги затекнале двајцата полицајци целосно голи во службениот автомобил, во моменти на интимност за време на работното време.
„Наместо да се грижат за безбедноста и редот, службениците го искористиле полициското возило за приватни и интимни цели, што е грубо прекршување на полициската етика и дисциплина“, коментираат извори запознаени со настанот.
Веднаш по инцидентот, случајот бил пријавен кај надлежните органи и полицискиот инспекторат. Реакцијата била брза:
Косовските медиуми додаваат дека истрагата за овој случај е затворена со експресни санкции, но настанот веќе стана главна тема за озборување во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

