TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
СПОРТ

Најголемиот пораз на Победа Прилеп – пораз без судија, без противник, без тренинг

09 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Десетина дена пред стартот на пролетниот дел од ВМФЛ, во Прилеп владее тишина. Не спортска, не тактичка – туку гробна. Фудбалската Победа, некогашен шампион, европски претставник и гордост на градот, во моментов не знае ни кој ја води, ни каде оди, ни дали воопшто постои надвор од хартија.

Тренинзи? Нема.
Подготовки? Заборавете.
Шеф на стручен штаб? Апсолутно не.
Управа, директор, сопственик? Ако ги видите – јавете.

Во нормални услови, зимските подготовки требаше да започнат пред три недели. Во прилепските „ненормални“ услови, тие не само што не започнаа – туку не се ни на повидок. Единствено што е сигурно е дека поранешниот тренер Филип Мирчески си замина, а со него и последниот привид на ред и структура.

Американски сон, прилепска реалност

Пред извесно време, со фанфари и надежи, во Прилеп пристигнаа „нови сопственици“. Претседателка – Јана Мицковска Попоски. Управен одбор – осум члена, звучни имиња, сериозни најави. Сопственик – Александар Мицковски, човек од Америка, кој требаше да донесе нова ера, стабилност и „поубави денови“.

Донесе – но за жал, во спротивна насока.

Наместо напредок, Победа доби:

  • уште поголеми долгови
  • распаднат систем
  • едвај спасен второлигашки статус
  • и иднина што повеќе личи на прашалник отколку на план

Од ветувањата – ништо. Од присуството – уште помалку. Како што велат прилепчани, луѓето што го презедоа клубот одамна не се видени во градот. Со месеци, со години. Победа, пак, остана сама. Со своите проблеми. И со своите најтврдокорни вљубеници.

Клуб што преживеа сѐ – освен сопственици

Победа во последните две децении преживеа сѐ што може да преживее еден клуб:
суспензии, казни, најнизок ранг, фузии, преименувања.
И сега, во 2026 година, повторно – катаклизма.

Има ли крај ова?

Со право неодамна порача и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ: ќе мора да има строги стандарди кој, како и со какви цели презема фудбалски клуб во Македонија. Зашто ние немаме десетици екс-шампиони за расфрлање. Имаме малку – и тие треба да ги чуваме како суво злато, а не да ги даваме на разни „инвеститори“, „Американци“, „Турци“ и други светски авантуристи.

Почит за Победа – и за „Мајмуните“

Зашто Победа има дадено многу. Титули. Успеси. Репрезентативци. Легенди. Историја.
И навивачи – „Мајмуните“, кои и во ваква ситуација купуваат билети од 400–500 денари, не заради фудбал, туку заради љубов.

Време е за одговорност – не за приказни

Сопственици на Победа, доста е.
Преземете нешто – веднаш.
Вратете акции.
Свикајте управен одбор.
Свикајте собрание.
Најдете решение според статут.

И престанете со приказните „ќе помогне овој, ќе помогне оној“. Клубот има сопственик. И сопственикот е одговорен.

Зашто за Победа Прилеп одамна не е „пет до дванаесет“.
Полноќ помина.
А стрелките одамна не се помрднуваат.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
17 април 2026

ЕУ одобри до 2,7 милијарди евра за Украина по спроведените реформи

СВЕТ
17 април 2026

Трамп: САД и Иран се „многу блиску“ до историски мировен договор

СВЕТ
17 април 2026

ЕУ ќе плаќа половина од разликата во цената на струјата за големите потрошувачи во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
17 април 2026

Села: Во Владата и министерствата албанскиот јазик се користи 0%

МАКЕДОНИЈА
17 април 2026

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк во Скопје

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
17 април 2026

Во Бугарија е при крај изградбата на најдолгиот двонасочен железнички тунел на Балканот

МАКЕДОНИЈА
17 април 2026

Професор Марковиќ: Како досега да не знаевме кои медиуми Орбан ги финансираше во Македонија?

МАКЕДОНИЈА
17 април 2026

Поскапо производство на ориз, пченка и сончоглед: Пролетната сеидба под притисок на високите цени

ДРУГО
17 април 2026

Денеска 17 април 2026 година се празнува Преподобен Јосиф Песнописец

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

СУДЕЊЕ ЗА „ПУЛС“: Шокантно признание на инспекторката – знаела за промените, но чекала налог од градоначалникот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Депониите повторно чадат: Скопјани се гушат, граѓаните најавуваат радикални блокади

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Факултети без греење и урнати домови: Студентите со остри критики за новиот Закон за високо образование

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Љубчо Георгиевски: Србија го креира наративот за наводната „бугаризација“ на Македонија

СВЕТ
16 април 2026

Трамп: Историски десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан по први разговори по повеќе од три децении

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

СКАНДАЛ ВО АЕРОДРОМ: Мајка физички нападнала учителка за време на родителска средба

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

ДУИ: Изет Меџити да си поднесе оставка – плаќа партиски војници со 1.000 евра, додека негувателките гладуваат!

СВЕТ
16 април 2026

Израелските одбранбени сили откри арсенал на Хезболах скриен во училиште во јужен Либан

СВЕТ
16 април 2026

Европската комисија одобри 334 милиони евра за енергетски интензивните индустрии во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Народната банка на Северна Македонија предупредува: Раст на цените под влијание на глобални ризици

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Даночен револт пред УЈП: Студенти и печалбари на нога против „закаснетите“ решенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
16 април 2026

Дневен хороскоп за 16 април 2026: Ден на пресврти, емоции и нови можности

СВЕТ
16 април 2026

Велика Британија повторно се приклучува на програмата Еразмус на Европската Унија

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Северна Македонија и Бугарија ја продлабочуваат парламентарната соработка во рамки на ПСЈИЕ

СВЕТ
16 април 2026

SpaceX на Елон Маск направи важен чекор кон ново лансирање на Starship Super Heavy V3

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

„Чистка“ во Македонска пошта: Куртеши ги избрка вработените кои земаа плата, а не одеа на работа

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

СДСМ тргна во офанзива: Мицкоски пријавен кај Вајц, ЕК, ЕУ Делегацијата и Венецијанската комисија за закани кон опозицијата

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

СДСМ: Додека Мицкоски чека, Груевски преговара за бегство во Русија и Белорусија

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега