16 април 2026
• од Темелко Тошев
Силно незадоволство, транспаренти и барања за одговорност денеска го исполнија просторот пред Управата за јавни приходи (УЈП). Граѓани кои со години работеле во Авганистан и Ирак, заедно со голем број студенти кои престојувале на привремена работа во странство, излегоа на протест револтирани од масовните известувања за плаќање данок на доход остварен надвор од државата.
Главниот револт на граѓаните е насочен кон тоа што државата со години „молчела“, за сега одеднаш да испорача сметки за наплата кои за некои поединци достигнуваат и неколку илјади евра.
Учесниците во протестот обвинуваат за непрофесионалност и хаос во системот. Работник кој бил ангажиран во Авганистан сподели апсурдна ситуација со која се соочил негов колега:
„На колегата за три дена му доаѓа решение да плати 4.000 евра за 2020 година. Како може истиот документ пред три дена да биде со нули, а потоа одеднаш да се појави толкав долг? Службите беа во хибернација со години, а сега нè будат со казни,“ изјави револтираниот работник.
Студентите, пак, се жалат на притисоци и несоодветно однесување од страна на даночните службеници. Еден од нив тврди дека му било директно занесено со драстично зголемување на даночната основа:
Од Управата за јавни приходи, преку брифинг за медиумите, се обидоа да ја смират топката. Според директорката Елена Петрова, не станува збор за нов намет, туку за примена на постоечките законски регулативи според кои македонските резиденти се должни да плаќаат данок на светски доход.
Клучните поенти од УЈП:
Податоците кои УЈП ги добила од 12 деловни банки откриваат дека во 2020 година над 70.800 граѓани оствариле прилив од странство во вкупен износ од неверојатни 577 милиони евра, сума која според законот треба да биде оданочена.
Во моментов, во евиденцијата на УЈП се регистрирани над 8.000 граѓани кои работеле надвор и треба да го подмират данокот во земјава. Дел од нив веќе го почнаа правниот отпор – досега се поднесени околу 300 тужби против Управата за јавни приходи.
Додека УЈП тврди дека само си ја врши работата за да го наполни буџетот, граѓаните најавуваат дека нема да отстапат, барајќи јасни насоки и одговор на прашањето: Каде беа службите сите овие години?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

