16 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека чадот од депониите повторно станува секојдневие за жителите на Скопје и околината, трпението на граѓаните е при крај. По серијата нови пожари на депониите „Вардариште“ и онаа во Арачиново, граѓанскиот сектор упати ултиматум до властите: итна реакција или целосна блокада на сообраќајниците.
Во средата (15.04), Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше два нови активни пожари кои директно влијаат врз квалитетот на воздухот во главниот град.
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, која минатата година беше предводник на протестите, се децидни дека нема повеќе да толерираат институционална пасивност. Тие бараат:
„Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје. Доколку не се испочитува договореното, граѓаните се враќаат на улиците,“ порачуваат од иницијативата.
Иако претходно беше воведено приватно и полициско обезбедување, праксата покажува дека тоа не е трајно решение. Дополнителен социјален и еколошки предизвик претставуваат и 200 лица кои живеат во непосредна близина на Вардариште, за кои државата сè уште нема обезбедено соодветно сместување.
Министерот за животна средина, Муамет Хоџа, решението го гледа во регионалните центри за управување со отпад:
Проблемот не е само скопски. Статистиката е поразителна:
Еко-активистите алармираат дека инспекциите се „заглавени“ во сложени законски процедури и често се соочуваат со опструкции, што им овозможува на сторителите да поминат неказнето додека граѓаните ги плаќаат последиците со своето здравје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

