16 април 2026
• од Темелко Тошев
По изјавата на Христијан Мицкоски, во која повторно „имал чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, одговорот од Социјалдемократскиот сојуз е јасен, директен и без ракавици.
Откако ги постави своите луѓе на клучните позиции во судството и обвинителството, сега, кога самиот тој станува предмет на интерес на меѓународни истраги, Мицкоски почнува, преку злоупотреба на институциите, да се обидува да ги сокрие вистинските процеси поврзани со криминал и корупција од јавноста.
Повторно „нарачува“ процеси преку медиуми, мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација. Исто како и порано, сега ја повторува истата матрица – само што овој пат неговото „чувство“ го диктира стравот.
Имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски! Но, не застануваме тука:
Ова, сепак, е само чувство. Но, де факто и де јуре знаеме дека за сето ова ќе мора да се одговара – пред домашното и пред меѓународното правосудство.
Наместо да им задава задачи на своите обвинители преку медиуми, за да има материјал за својата таблоидна мрежа (од Орбан), нека се подготви да ги објасни своите сопствени врски со криминалниот режим на Орбан, бидејќи наскоро ќе му требаат пред суд.
„СДСМ останува на ставот дека сите мора да бидат еднакви пред законот – вклучително и оние кои денес седат во премиерската фотелја и се обидуваат државата да ја користат како штит за своите бизнис-комбинации.“
Имаме чувство дека Мицкоски го чека истата судбина како и Груевски, само што овој пат ќе мора да се соочи со неа – дали како Ванчо, ќе видиме!
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

