18 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека граѓаните секојдневно се соочуваат со предизвиците на инфлацијата, најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат алармантен тренд во земјоделскиот сектор. Во текот на месец март 2026 година, регистриран е огромен пораст на цените на земјоделските производи во споредба со истиот месец минатата година.
Според официјалниот извештај, за само една година, цените по кои земјоделците ги продаваат своите производи (аутпут) се зголемиле во просек за 23,4%. Најголем удар врз џебот на потрошувачите е забележан кај зеленчукот, каде е регистриран рекорден пораст од 38,1%.
Гледано по сектори, растителното производство бележи пораст од 27,9%, додека кај сточарството состојбата е значително постабилна со минимално зголемување од 0,7%.
Освен финалните цени на пазарите, зголемени се и трошоците што земјоделците ги имаат за производство (инпут), кои во просек се повисоки за 5,2%.
Најголем скок на трошоците е забележан кај:
„Цените во земјоделството во март 2026 година, во споредба со истиот период од претходната година, се зголемени кај инпутот за 5,2%, додека кај аутпутот зголемувањето изнесува 23,4%“, известуваат од Државниот завод за статистика.
Овие податоци го потврдуваат силниот бран на поскапувања на храната, што директно влијае врз куповната моќ на граѓаните и стандардот на македонските семејства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

