19 април 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, упати емотивна порака до своите поддржувачи веднаш по затворањето на гласачките кутии на денешните предвремени парламентарни избори во Бугарија.
Додека целата земја и регионот ги чекаат првичните официјални податоци од Централната изборна комисија (ЦИК), Костадинов преку социјалните мрежи изрази огромна благодарност до гласачите кои му ја доверија довербата на неговото движење.
Во својата објава, Костадинов потенцираше дека „Преродба“ останува единствениот политички субјект што бескомпромисно ги штити бугарските национални интереси.
„Благодарам на секој еден од вас кој ја избра единствената партија која го заштитува бугарскиот национален интерес и никогаш не ги предаде своите гласачи!“, напиша Костадинов.
Иако првичните излезни анкети на агенциите како „Алфа Рисрч“ и „Галуп“ веќе даваат одредени проекции за составот на 52-то Народно собрание, од таборот на „Преродба“ повикуваат на трпение.
„Ги очекуваме конечните резултати!“, порачаа од партијата, нагласувајќи дека нивната идеолошка борба не зависи само од бројките во парламентот.
Без оглед на тоа дали партијата ќе го зголеми својот број на пратенички мандати, Костадинов е дециден дека неговата мисија останува иста. Тој упати силна порака за суверенитетот на државата:
„Без оглед на тоа какви ќе бидат резултатите, јас и моите истомисленици ќе продолжиме да се бориме за СЛОБОДНА и НЕЗАВИСИМА Бугарија!“
Денешните избори, кои се седми по ред во последните неколку години, се сметаат за клучни за излез од политичката криза во Бугарија. Дали „Преродба“ ќе успее да се наметне како незаобиколен фактор во идната власт или ќе остане во силна опозиција, останува да видиме по пребројувањето на сите гласови, вклучително и оние од дијаспората.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

