26 април 2026
• од Темелко Тошев
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против 28-годишен жител на Скопје, вработен во основно училиште, под основано сомнение за извршување на две тешки кривични дела кои ја потресоа јавноста.
Според информациите од ОЈО, осомничениот се товари за:
Истрагата открива дека 28-годишникот првично стапил во контакт со девојчето и го навел да му испрати сопствени фотографии и видеа со експлицитна содржина. Набрзо потоа, тој почнал со брутални закани, уценувајќи ја 14-годишната жртва дека ќе ги објави материјалите доколку таа не се сретне со него.
„Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба“, информираат од Обвинителството.
Монструозниот чин не завршил со првиот напад. Овој месец, осомничениот повторно се обидел да ја уцени жртвата за нова средба. Откако девојчето храбро одбило, тој се одлучил на екстремен чекор – ги објавил нејзините фотографии и видеа на социјална мрежа, правејќи ги достапни за јавноста.
Со овој чин, тој го исполнил битието на новото кривично дело воведено во февруари годинава, за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години. За главното дело, силување на дете, предвидената казна е најмалку 8 години затвор.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка веќе достави предлог за определување мерка притвор. Како клучни причини за ова барање се наведуваат:
Овој случај е уште еден аларм за безбедноста на малолетниците во дигиталниот простор и улогата на вработените во образовните институции. Случајот е во рацете на надлежниот суд.
Петер Маѓар в среда во Брисел на итни разговори за одмрзнување милијарди евра од ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

