30 април 2026
• од Никола Трајковски
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, упати остри критики кон Владата и постави директни прашања до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во врска со економската состојба и стандардот на граѓаните.
Во пресрет на утрешниот 1 Мај – Ден на трудот, Тренчевска истакна дека во земјата не може да се зборува за достоинствен живот на работниците. Според неа, актуелната власт „им го завртела грбот на работниците“, доведувајќи ги во состојба на сиромаштија и понижување.
„Денес работниците се сведени на преживување, нивниот труд не се вреднува, а Владата ги гледа само како статистика“, нагласи Тренчевска.
Тренчевска посочи дека зголемувањето на минималната плата од 1.600 денари е недоволно во услови на растечки цени. Таа истакна дека синдикалната минимална кошница достигнала околу 69.000 денари, со континуиран раст во последните месеци.
Според неа, основните прехранбени производи значително поскапеле, додека овошјето и зеленчукот веќе стануваат луксуз за многу семејства.
„Скоро три минимални плати се потребни за покривање на основните трошоци. За што работи македонскиот работник?“ праша таа.
Дополнително, Тренчевска ја критикуваше Владата што не го прифатила предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра, и покрај, како што рече, понудените решенија за буџетски прераспределби.
Тренчевска предупреди дека буџетскиот дефицит достигнал 408 милиони евра за само три месеци, што претставува 63% од годишно планираниот дефицит. Таа оцени дека ваквата состојба укажува на сериозна финансиска нестабилност.
Во тој контекст, таа постави две клучни прашања до министерот Дурмиши:
Тренчевска ја обвини Владата дека не реагирала навремено на економските последици од кризата на Блискиот Исток, што, според неа, довело до бран на поскапувања.
Таа посочи дека предложените мерки од СДСМ – намалување на ДДВ за горивата, укинување на ДДВ за храна и намалување на патарините – биле одбиени, иако можеле да имаат директен ефект врз стандардот.
„Граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата, додека Владата покажува дека не ѝ е грижа како луѓето преживуваат“, истакна Тренчевска.
На крајот, Тренчевска нагласи дека јавноста очекува конкретни одговори од министерот и Владата за економската политика и идните мерки за подобрување на животниот стандард.
Седницата продолжува со одговори од надлежните министри.
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

