29 април 2026
• од Темелко Тошев
Иако надлежните се обидуваат да го прикажат напредокот како „засилен“, реалноста на терен говори за поразителни бројки. Изградбата на втората фаза од железницата на Коридорот 8, на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, едвај достигна 35 отсто реализација, потврди директорот на ЈП „Железници Инфраструктура“, Синиша Ивановски.
Ова значи дека и покрај сите помпезни најави и децениите зборување за железничко поврзување со Бугарија, две третини од работата на оваа делница од само 34 километри сè уште „стојат“ во место или се во почетна фаза.
Иако е објавен повик за надзор на третиот сегмент, граѓаните и стопанството сè уште не гледаат реална придобивка. Наместо модерна железница, на истокот од земјава имаме само раскопани траси и ветувања за меѓународни тендери кои допрва треба да се распишат следниот месец.
„Реализацијата од 35% е прениска за проект кој се смета за стратешки приоритет. Со оваа динамика, прашање е дали оваа генерација воопшто ќе дочека да помине со воз по овој коридор.“
Додека соседните земји ги модернизираат своите мрежи, македонскиот дел од Коридорот 8 останува заглавен во проценти кои тешко се поместуваат од мртва точка. Остануваат „недопрени“ огромни 65 отсто од втората фаза, а најтешкиот планински терен допрва претстои.
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Македонка која го вљуби албанскиот јазик: Јазикот како мост, а не како пречка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

