15 мај 2026
• од Темелко Тошев
Скопскиот синдром на „незавршена работа“ уште еднаш се покажа на дело, овојпат во населбата Капиштец. Мештаните останаа зачудени од глетката каде нова урбана опрема никнува врз остатоците од старата, буквално.
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), скопјанка сподели фотографија на која јасно се забележува новопоставена јавна чешма за вода. Сепак, наместо чист и уреден простор, веднаш до неа, во тревникот, оставена е старата, демонтирана чешма да „лежи“ како градежен шут.
Освен старата чешма која со денови чека некој да ја подигне, на фотографијата се гледаат и расфрлани отпадоци и несредена околина околу новото обележје.
Оваа ситуација предизвика бран реакции на социјалните мрежи, а авторката на објавата, со ироничен и остар тон, ја отслика реалноста на меѓуинституционалниот хаос и недостигот на координација на терен.
„Од рубриката 'колегите од друг сектор се надлежни да ги земат старите чешми, ние сме тука само лошо да ги монтираме новите и да направиме поплава'. За греота сме“, гласеше твитот на профилот со име Наташа.
Овој пример е само еден во низата каде јавните претпријатија или ангажираните фирми ја завршуваат работата само „половично“. Граѓаните редовно реагираат дека по поправките на улиците или монтажата на урбана опрема, редовно се оставаат скршени бекатон-плочки, ископан земјишт и шут кој со недели никој не го собира, префрлајќи ја топката на надлежност од едно на друго претпријатие.
Останува прашањето дали по оваа јавна реакција, надлежните служби во општина Центар или Градот Скопје ќе го „пронајдат“ вистинскиот сектор за конечно да ја подигне старата чешма и да го исчисти просторот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

