15 мај 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, излезе со остри и провокативни согледувања за идентитетската и геополитичката матрица на денешното македонско општество. Во својата најнова изјава, тој алармира за, според него, целосната србизација на македонскиот народ во повеќе општествени сфери.
Георгиевски смета дека најголемиот дел од денешните Македонци веќе имаат усвоено туѓа културна и политичка матрица, иако формално сè уште го задржуваат македонското име.
„Веќе најголемиот дел од Македонците – ако воопшто се нарекуваат Македонци – размислуваат како Срби и живеат како Срби. Нивниот поглед на историјата, на геополитиката, а да не ги споменувам културата и уметноста, е српски. Едноставно, тие се мачат со тоа што сè уште се нарекуваат Македонци“, вели Георгиевски.
Како клучна фигура во процесот на осамостојување на државата, тој чувствува должност јавно да проговори за овие процеси, критикувајќи ја пасивноста на самопрогласените чувари на националниот интерес.
Георгиевски потенцира дека неговата реакција доаѓа од позиција на човек кој ги поставил темелите на современата независна држава:
Оваа изјава на Георгиевски се очекува да предизвика силни реакции и дебати во јавноста, имајќи предвид дека тој директно задира во прашањата за современиот македонски идентитет и надворешно-политичките културни влијанија во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

