15 мај 2026
• од Темелко Тошев
Полицијата интензивно работи на пронаоѓање на лицето кое го чувало волкот што неодамна беше заловен во скопската населба Козле. Случајот кој ја вознемири, но и ја заинтересира јавноста, добива правна завршница откако надлежните институции покренаа истрага.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот.
„Се работи на утврдување на точната локација и местото каде што животното било држено, како и на откривање на лицето кое е одговорно за неговото нелегално чување“, велат од МВР.
Домашните законски прописи се децидни и строго забрануваат чување диви животни во домашни услови без соодветна дозвола. За ваквите прекршоци се предвидени rigorozni казни.
Дека животното не било чувано во соодветни услови потврдија и од Скопската зоолошка градина, каде што волкот веднаш беше згрижен по залавувањето.
Според информациите од Зоолошката градина, станува збор за млад волк со тежина од околу 25 килограми, кој при приемот бил значително неухранет. Екипите работат на негово закрепнување и соодветна медицинска нега.
Истрагата на надлежните органи треба да открие како волкот завршил во урбана средина во Скопје и кој си поиграл со безбедноста на граѓаните, но и со благосостојбата на самото животно.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

