12 мај 2026
• од Темелко Тошев
Пратеничката од редовите на СДСМ, Сања Лукаревска, упати остри критики кон економските политики на актуелната Влада, посочувајќи дека граѓаните се жртви на постојани ценовни шокови и пад на животниот стандард. Во гостувањето во емисијата „24 Анализа“, таа истакна дека секојдневните трошоци за живот станаа неподносливи за голем дел од населението.
Лукаревска го илустрираше драстичниот пораст на цените преку споредба на основните прехранбени намирници, нагласувајќи дека она што некогаш се сметало за евтин оброк, денес е вистински трошок.
„Постојано цените растат – и пред кризата и сега. Некои производи се поскапени двократно, трократно, па и десеткратно. Денес, да направите една шопска салата, што некогаш беше евтина опција, чини колку што порано чинеше еден килограм месо“, појасни таа.
Според пратеничката, власта нема конкретна стратегија за заштита на граѓаните. Таа потсети дека СДСМ предложи пакет од четири мерки наменети за ублажување на ценовниот притисок, но истите беа одбиени од мнозинството во Собранието.
Лукаревска директно ја оспори тезата на Владата дека земјата е меѓу лидерите по раст на Бруто домашниот производ (БДП). Таа смета дека статистичките податоци со кои се фали власта не кореспондираат со реалноста во која живеат граѓаните.
„Ниту еден економски показател не го потврдува моментот дека сме трета економија по раст на БДП. Оваа Влада троши повеќе отколку што собира, а граѓаните треба да ги прашате дали чувствуваат некаков бенефит. Нема веќе простор оваа власт да го користи СДСМ како алиби за сопствените неуспеси“, заклучи Лукаревска.
МЕТЕО АЛАРМ: Силен ветер со удари над 80 км/ч – Предупредување за 12 мај 2026 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

