12 мај 2026
• од Темелко Тошев
Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје повторно е во фокусот на јавноста, откако револтираните граѓани почнаа секојдневно да ги споделуваат своите „рекорди“ на чекање по автобуските постојки. Иако надлежните ветуваа подобра поврзаност, реалноста во „шпиц“ термините е поразителна – автобуси нема, а нервозата кај патниците расте.
Вчера, корисник на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) сподели непријатно искуство од станицата во Хром-Влае. Иако станува збор за период кога најголем број граѓани се враќаат од работа, линијата со број „5“ доцнела речиси три четвртини од час.
„Абе човек не може да се врати од работа, од што ги нема овие ЈСП? Срамота! Дремам на станица Хром-Влае, рекордни 40 минути, а 5-ка за накај Центар ни за лек! Која мизерија сме човече! И тоа во шпиц термини“, гласи објавата на профилот „mirchev“.
Дека ова не е изолиран инцидент, потврдуваат и бројните реакции на други граѓани. Според нив, ситуацијата е алармантна во многу населби, каде возниот ред постои само на хартија, но не и на улиците.
Особено критична е состојбата кај Цветен пазар, каде патниците кои се потпираат на линијата „23“ тврдат дека секојдневно поминуваат и повеќе од еден час чекајќи превоз до последната станица.
Додека граѓаните губат часови на станиците, од Јавното сообраќајно претпријатие и Град Скопје често изостануваат конкретни одговори за тоа кога ќе се стабилизира превозот. Скопјани се прашуваат: Дали јавниот превоз станува луксуз наместо основна потреба?
Состојбата со јавниот превоз останува една од најболните точки на градот, а социјалните мрежи се преплавени со коментари дека „Скопје никогаш не било во полоша состојба во поглед на транспортот“.
МЕТЕО АЛАРМ: Силен ветер со удари над 80 км/ч – Предупредување за 12 мај 2026 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

