24 април 2026
• од Гоце Кически
Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светиот свештеномаченик Антипа, епископ Пергамски во Азија. Неговото име е запишано со златни букви во историјата на христијанството, а самиот Господ во Книгата на Откровението го нарекува: „Антипа, мојот верен сведок“ (Откр. 2, 13).
Свети Антипа делувал во градот Пергам во време кога ова место било опишано како престолнина на нечестивоста. Жителите на градот живееле во длабок мрак на идолопоклонството, робови на страстите, развратот и суровите обичаи.
Христијанските записи велат дека Антипа во тоа време живеел:
Во тогашниот Пергам, моралот бил толку изопачен што за „добар и праведен“ се сметал оној кој ќе фати и ќе убие христијанин.
Силата на неговата вера била толку голема што демоните, на кои незнабошците им служеле преку гатање и жртви, почнале да бегаат. Преданието вели дека демоните им се јавиле на жреците во сон, признавајќи дека се плашат од Антипа и дека поради него мора да го напуштат градот.
Разгневените жреци кренале толпа против старецот, обидувајќи се со мачење да го присилат да им се поклони на идолите. Неговиот одговор останува запаметен како врвен доказ за ништовноста на лажните богови:
„Кога вашите т.н. богови, господари на вселената, се плашат од мене којшто сум смртен човек, зарем не познавате по тоа дека вашата вера е заблуда?“
Кога виделе дека неговата вера е непоколеблива, незнабошците го довлечкале Свети Антипа пред храмот на Артемида. Таму се наоѓал огромен вол излеан од бронза, наменет за жртвување. Го усвитиле волот со оган и го фрлиле светителот внатре.
Наместо крици на очај, од внатрешноста на усвитениот метал се слушало славење на Бога. Како што Јона се молел во китот, така и Свети Антипа се молел за своето стадо и за сиот свет сè додека неговата душа не се преселила во Царството Христово.
Свети Антипа пострадал во 92 година, оставајќи пример за непоколеблива верност кон вистината која свети низ вековите.
Денешниот празник е потсетник дека и во најмрачните времиња, еден човек со чиста вера може да биде доволен за да го осветли патот на многумина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

