23 април 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, ќе остане во куќен притвор во наредните 30 дена, одлучи денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Оваа одлука доаѓа по прифаќањето на предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО), кое побара продолжување на мерката за обезбедување присуство поради тежината на делото и ризикот од бегство.
Ова е второ по ред продолжување на куќниот притвор за Груби. Да потсетиме:
„Судот смета дека се уште постојат законските основи поради кои првично беше одредена мерката куќен притвор, со цел да се обезбеди непречено водење на истражната постапка“, стои во краткото соопштение од Кривичниот суд.
Случајот со Артан Груби предизвика бурни реакции во јавноста, особено поради неговото долгогодишно отсуство од државата додека траеше потрагата по него. Како еден од најмоќните луѓе во претходната власт, неговото процесуирање се смета за тест за правосудниот систем во борбата против високата корупција.
Одбраната на Груби засега нема дадено официјален коментар дали ќе ја обжали најновата одлука на Судот до повисока инстанца.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

