03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германското онлајн списание „Цицеро“ изјави дека е личност која секојдневно е „ужасно напаѓана“ во сопствената земја, иако, според него, народот во Србија и натаму му ја дава најголемата поддршка.
„Ако има некој кој е постојано и ужасно напаѓан во својата земја, тоа сум јас. Секој ден ме претставуваат како Хитлер. А потоа тврдат дека имаме авторитарен или автократски режим во Србија. Но, во која земја е можно зградите на владејачката партија да бидат нападнати 800 пати откако ја презедоа власта?“, изјави Вучиќ.
На прашањето за оценките на меѓународната организација „Фридом Хаус“, која Србија веќе не ја смета за „целосно демократска држава“, Вучиќ рече дека ја поканува организацијата да дојде во Србија и „на лице место да се увери во реалната состојба“.
Тој нагласи дека земјата има поделба на власта и слободни медиуми, и дека критиките се дел од политичката борба.
Во интервјуто Вучиќ ги негираше наводите дека српската полиција користела звучно оружје против демонстрантите. „Не ја лажам јавноста“, рече тој, додавајќи дека некои европски пратеници ги пренесуваат информациите што ги пишуваат медиумите, „често под влијание на различни интереси и бизнис мотиви“.
„Србија, за жал, е полигон за различни интереси и тајни служби од разни делови на светот. Кампањата против нашата земја треба да се гледа во тој контекст“, изјави Вучиќ.
Во врска со прашањето зошто Србија не ги прекинува блиските односи со Русија, Вучиќ одговори дека тоа „не е толку едноставно“.
„Имаме економија што расте и која не може да функционира без рускиот гас. Тоа не е важно само за нас, туку и за Европа. Од целиот Балкан, Србија е одговорна за 54,5 проценти од извозот кон Европа“, рече тој.
Тој додаде дека Србија останува посветена на европскиот пат и дека се усогласила со 60 проценти од надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
„Сакаме да станеме членка на Европската Унија, но имаме свои специфични проблеми – особено со Приштина. Знаете кој го поддржува нашиот територијален интегритет, а кој не“, истакна Вучиќ.
Српскиот претседател исто така потенцираше дека Србија дала значителна поддршка на Украина и дека „и самиот Зеленски може да потврди која балканска земја досега најмногу ѝ помогнала“.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

