18 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Денес, сабота (18 октомври 2025), во Третата авијациска база во Граф Игнатиево пристигнаа уште два современи борбени авиони F-16 Block 70, со што продолжува модернизацијата на бугарските воздухопловни сили.
Новите авиони беа свечено пречекани од министерот за одбрана Атанас Запрјанов, командантот на Военото воздухопловство генерал-мајор Николај Русев, в.д. командантот на базата полковник Методи Орлов, како и претставници на мисијата на САД во Бугарија и персоналот на базата.
Министерот Запрјанов изјави дека процесот на испорака на авионите се одвива според договорените рокови со Владата на САД.
„Веќе ги добивме првите четири авиони, сега пристигнаа уште два, а до крајот на годината очекуваме и последните два. Со тоа ќе биде завршен првиот договор за набавка на осум авиони“, изјави министерот.
Тој додаде дека паралелно продолжува испораката на дополнителна опрема и потрошни материјали, потребни за комплетна оперативна подготвеност на новата техника.
Запрјанов нагласи дека се прави сè за пилотите да се обучуваат во најдобри можни услови во самата база во Граф Игнатиево.
„Кога го презедов мандатот, од 49 инфраструктурни проекти само еден беше завршен и прифатен. Денес имаме 17 веќе готови објекти, а уште толку се во фаза на завршување. Особено значајно е што го забрзавме изградбата на зградата за тренажерот, бидејќи покрај самите авиони, неопходен е и современ симулатор за подготовка на нашите летачи,“ истакна министерот.
Новите F-16 Block 70 се едноседни борбени авиони од најновата генерација, кои пристигнаа со ознаки на Воздухопловните сили на САД. Следуваат техничките и летачките процедури за нивно официјално приемане во составот на бугарските воздухопловни сили.
Според меѓународниот договор BU-D-SAB, Бугарија до крајот на 2025 година треба да добие вкупно осум авиони, од кои шест веќе се во земјата. По исполнувањето и на вториот договор, бугарското воздухопловство ќе располага со цела ескадрила од 16 современи авиони F-16 Block 70, што претставува значаен напредок во модернизацијата и одбранбените способности на земјата.
Само што ни тргна: „Трансавиа“ ги укинува летовите меѓу Скопје и Амстердам
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден