06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека од 1 јануари 2026 година минималната плата во земјата ќе изнесува 500 евра, што претставува значително зголемување за повеќе од 300 илјади вработени. Според него, ова е само првиот чекор кон целта – до крајот на актуелниот владин мандат, минималната плата да достигне 700 евра.
Во видео порака објавена на социјалните мрежи, Рама истакна дека зголемувањето ќе опфати 307.850 вработени кои ќе го почувствуваат ефектот на новата минимална плата. Дополнително, владата ќе обезбеди субвенции за приватниот сектор во износ од 90 милиони евра за покривање на дополнителните трошоци за осигурување во период од девет месеци.
„Ние го кажуваме она што го правиме и го правиме она што го кажуваме,“ порача Рама, додавајќи дека добиената доверба од граѓаните и 83-те пратенички мандати се силна обврска за неговата влада да продолжи со реформите и да ја подготви Албанија за рамноправно членство во Европската Унија.
Иако ова зголемување се смета за историско, Албанија и понатаму ја има најниската минимална бруто плата во регионот и во Европа, која во моментов изнесува 408 евра. Со најавените чекори, владата се надева дека постепено ќе ја приближи земјата кон европскиот просек и ќе ја подобри економската состојба на работниците.
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

