14 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Софија и годинава е домаќин на еден од најзначајните книжевни настани во регионот – Софискиот меѓународен саем на книгата, познат и како „зимски“ саем. На манифестацијата учествуваат над 150 издавачи, кои пред публиката претставуваат повеќе од 100.000 наслови од различни жанрови, области и авторски традиции.
Саемот е организиран од Асоцијацијата „Бугарска книга“ и традиционално се одржува во мермерното фоаје на Националниот дворец на културата. Покрај богатата понуда на книги, посетителите имаат можност да бидат дел и од разновидна културна програма што вклучува книжевни промоции, панел-дискусии, како и средби со истакнати бугарски и меѓународни автори.
Овој книжевен празник не е наменет само за љубителите на литературата, туку и за сите оние кои сакаат да ја почувствуваат живата културна атмосфера и директно да се запознаат со најновите издавачки трендови.
Софискиот меѓународен саем на книгата е отворен до утре, 14 декември, недела. Организаторите ги повикуваат жителите на Софија и гостите на градот да го посетат настанот навреме, потсетувајќи дека добра книга секогаш е вреден и значаен божиќен подарок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

