TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“: МВР најавува мобилна апликација за проверка и ажурирање на податоците на граѓаните

13 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Проблемите со погрешно испратени СМС-пораки поврзани со известувањата за прекршоци евидентирани од системот „Безбеден град“ наскоро се очекува да станат минато. Министерството за внатрешни работи најави дека во скоро време ќе започне со функционирање нова мобилна апликација, преку која граѓаните ќе можат да ги проверат и унапредат сопствените податоци поврзани со нивните возила, како и да имаат увид во историјата на сторените прекршоци.

Како што информира портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, апликацијата ќе биде достапна преку Google Store, App Store, како и онлајн. Преку креирање на личен профил, граѓаните ќе можат да пристапат до повеќе компоненти поврзани со системот „Безбеден град“, вклучително и да ја проверат е-поштата и телефонскиот број кои се заведени за нивното возило, како и целосниот преглед на регистрирани сообраќајни прекршоци.

„Граѓаните ќе имаат можност да се најават во апликацијата и да ги проверат сите релевантни податоци поврзани со системот ‘Безбеден град’, како и историјата на прекршоците што се евидентирани на нивно име“, изјави Андреевски.

Дополнително, апликацијата ќе овозможи ажурирање на контакт-податоците, како и поднесување забелешки и поплаки доколку граѓаните забележат неправилности или имаат коментари во врска со системот. Според МВР, ова ќе придонесе за поголема транспарентност и поефикасна комуникација меѓу институциите и граѓаните.

Исто така, во СМС-пораките што ќе ги добиваат граѓаните за сторени сообраќајни прекршоци ќе биде вклучен и линк кој ќе води до посебна платформа, каде што ќе можат да пријават евентуални неправилности поврзани со системот.

Во меѓувреме, помошник-министерот за јавна безбедност, Мухамед Исмаили, во интервју за телевизијата Алсат потврди дека системот „Безбеден град“ ќе започне со изрекување казни од 1 февруари. Според него, потребен е дополнителен период од еден месец за да се разгледаат сите забелешки и да се отстранат детектираните технички недостатоци.

„Планираме системот целосно да започне со работа на 1 февруари, бидејќи оценивме дека 1 јануари не е доволен рок за да се адресираат сите забелешки и дефекти и тие целосно да се отстранат“, изјави Исмаили.

Во првата фаза, системот ќе детектира ограничен број прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, неправилно паркирање и управување со нерегистрирано возило. Во подоцнежна фаза, се планира проширување на функционалностите со детекција на користење мобилен телефон при возење и неврзување безбедносен појас, но засега нема прецизни информации кога овие прекршоци ќе почнат да се евидентираат од интелигентниот систем.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
11 јануари 2026

Бугарија повлече над 50% од левовите за само 10 дена

МАКЕДОНИЈА
11 јануари 2026

Цигарата под целосна забрана: каде сè нема да смее да се пуши со новиот закон

СВЕТ
11 јануари 2026

Нетанјаху: Израел во следните 10 години ќе ја укине зависноста од американската воена помош

МАКЕДОНИЈА
11 јануари 2026

Инцидент во автобус број 61: ЈСП тврди дека патникот сам се повредил

МАКЕДОНИЈА
11 јануари 2026

Граѓаните на С. Македонија треба да работат 25 години за да купат стан од 60 квадрати

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
11 јануари 2026

Денеска се празнуваат Светите четиринаесет илјади младенци во Витлеем - 11 јануари 2026

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Синот и таткото ја напуштиле државата: Кривични пријави за смртоносната сообраќајка кај „Зебра“

СПОРТ
10 јануари 2026

Иван Иванов избран за најдобар млад спортист на Бугарија за 2025 година

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Обилните врнежи предизвикаа одрони, свлечишта и поплави во повеќе региони низ државата

СВЕТ
10 јануари 2026

Пицула: Во Европската Унија нема место за големосрпска политика

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Кои фирми лапнаа пари останува тајна: Речиси целосно потрошен унгарскиот кредит за македонските компании

СПОРТ
10 јануари 2026

ЕХФ покрена постапка против Начевски и Николов, избришани од ЕП 2026

СВЕТ
10 јануари 2026

Зошто македонски вицепремиер учествуваше на настан што ги крши одлуките на Уставниот суд на БиХ?

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Лажен лекар измамил 77-годишен жител на Виница за над 430 илјади денари

СВЕТ
10 јануари 2026

Бугарија одбележана 140-годишнината од Српско-бугарската војна

СВЕТ
10 јануари 2026

Бугарката Љубомила Јорданова ја продаде својата германска компанија Plan A за 80 милиони долари

СВЕТ
10 јануари 2026

Трамп: Не мислам дека е неопходно по Мадуро да се апси и Путин

СВЕТ
10 јануари 2026

Бугарската EnduroSat гради нов космички развоен центар во Софија вреден 10,6 милиони евра

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Македонија пред најстрог закон против пушењето: Забрана во кафеани, тераси и за електронски цигари

ДРУГО
10 јануари 2026

Денес се празнуваат Светите Дваесет илјади никомидиски маченици - 10.1.2026 година

СВЕТ
09 јануари 2026

Бугарија пушти во работа една од најголемите батериски системи во Источна Европа

МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

Филипче: Прифаќањето мигранти со криминално досие може трајно да ја запре ЕУ интеграцијата

МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

Две лица од Скопје пронајдени мртви во викендичка во гостиварско

МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

Шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони од 17 часот

СПОРТ
09 јануари 2026

Фудбалерите на Работнички одбија тренинг поради неисплатени долгови

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега