TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Адвокатот Шехтански отвора дилема: Кочани – дали пожарот во „Пулс“ бил обид за терористички акт?

13 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

На судско рочиште поврзано со трагедијата во објектот „Пулс“, дел од одбраната упати остри критики кон Јавното обвинителство, посочувајќи дека доколку се бара причинско-последична одговорност кај институциите и системот, тогаш одговорност мора да понесе и самото Обвинителство, кое, според нив, требало навреме да реагира уште по првичните сигнали за можни неправилности.

Во воведниот збор, адвокатот Ванчо Шехтански, бранител на поранешниот пазарен инспектор Миле Ампов, изрази сериозни сомнежи дека пожарот можеби бил резултат на терористички акт. Тој праша зошто ваква теза била отфрлена уште на самиот почеток, и покрај, како што рече, „чудниот тек на настаните“ на критичниот ден.

„Се бараат документи од 2012 и 2013 година и се пренасочува вниманието, но ние ќе го вратиме фокусот таму каде што треба. Од 35 обвинети, 30 воопшто не биле присутни на местото на пожарот. Кој го запали објектот? Зошто беше запален? Зошто нема вештачење за пиротехничките средства – кој ги купил, кој ги внел? Кој ги затворил вратите? Зошто излезот бил блокиран? Нема да се занимаваме со неважни документи од 2012 година. Вистината мора да излезе на виделина“, изјави Шехтански, оценувајќи ја обвинителната постапка како „свилен јазол за државата“.

Тој нагласи дека е создаден јавен наратив за виновници, „додека вистинските виновници воопшто не се присутни во судницата“. Според него, довербата во правосудството е сведена на „само два процента, и тоа со причина“. Шехтански укажа дека во обвинението недостасуваат податоци од безбедносните служби, како и какви било информации за можни закани или сомнителни активности на денот на пожарот.

Посебно се задржа на прашањето за пиротехничките средства, посочувајќи дека постојат различни видови – огноотпорни и лесно запаливи – но дека во обвинението воопшто нема стручна анализа за нив. Според него, токму овие пропусти отвораат простор за сериозни сомнежи и бројни неодговорени прашања.

Адвокатот ја критикуваше и стратегијата на Обвинителството, кое, наместо да ги утврди клучните факти, според него, ја насочува јавноста кон „непотребни теми“, што може да биде и опасно.

„Доколку навистина пожарот започнал од пиротехнички средства што довеле до трагедијата, невозможно е во обвинението да нема ниту еден збор за тоа. Исто така, невозможно е да нема никаков запис дали воопшто се испитувала можноста за терористички мотив, имајќи го предвид чудниот тек на настаните“, рече Шехтански.

Тој повтори дека токму Јавното обвинителство требало прво да реагира доколку имало индиции за неправилности.

„Директно прашувам – дали обвинителот спие мирно? Наместо да барате причинско-последични врски кај други институции, зошто самите не реагиравте по првите сигнали? Можеби трагедијата воопшто немаше да се случи. Како се чувствуваат семејствата на обвинетите кои се претставени како убијци? Вистината не смее да се крие“, додаде тој.

Шехтански нагласи и дека јавноста ниту ја има видено, ниту има пристап до обвинението. Како пример наведе телевизиско гостување во кое била спомната тезата за терористички акт, по што емисијата подоцна била избришана, што, според него, отвора дополнителни сомнежи.

Одбраната укажа и на неточно прикажување на правниот статус на субјектите поврзани со објектот. Според Шехтански, неговиот клиент како инспектор до 2022 година утврдил дека „Класик“ и неговата подружница „Кабаре Пулс“ не ги исполнувале условите за работа, но објектот каде што избувнал пожарот не бил ист правен субјект.

Тој потсети дека Ампов во 2024 година веќе бил пензиониран и немал овластување за вршење надзор. Дополнително, објектот каде што се случила трагедијата имал друго име.

„Дискотеката ‘Пулс’ не постои во Централниот регистар. Не манипулирајте. Правното лице ДПТУ ‘Класик’ е регистрирано во 2009 година и имало подружница ‘Кабаре Пулс’. Но ‘Класик’ не е меѓу обвинетите правни лица и престанало да постои во февруари 2024 година. Објектот каде што се случи трагедијата се вика ‘Клуб Пулс’ – ниту кабаре, ниту дискотека. Тука е суштинскиот проблем – нема лиценца. А мојот клиент не можел да врши надзор во 2024 година кога веќе бил пензионер“, заклучи Шехтански.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
11 јануари 2026

Бугарија повлече над 50% од левовите за само 10 дена

МАКЕДОНИЈА
11 јануари 2026

Цигарата под целосна забрана: каде сè нема да смее да се пуши со новиот закон

СВЕТ
11 јануари 2026

Нетанјаху: Израел во следните 10 години ќе ја укине зависноста од американската воена помош

МАКЕДОНИЈА
11 јануари 2026

Инцидент во автобус број 61: ЈСП тврди дека патникот сам се повредил

МАКЕДОНИЈА
11 јануари 2026

Граѓаните на С. Македонија треба да работат 25 години за да купат стан од 60 квадрати

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
11 јануари 2026

Денеска се празнуваат Светите четиринаесет илјади младенци во Витлеем - 11 јануари 2026

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Синот и таткото ја напуштиле државата: Кривични пријави за смртоносната сообраќајка кај „Зебра“

СПОРТ
10 јануари 2026

Иван Иванов избран за најдобар млад спортист на Бугарија за 2025 година

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Обилните врнежи предизвикаа одрони, свлечишта и поплави во повеќе региони низ државата

СВЕТ
10 јануари 2026

Пицула: Во Европската Унија нема место за големосрпска политика

МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Кои фирми лапнаа пари останува тајна: Речиси целосно потрошен унгарскиот кредит за македонските компании

СПОРТ
10 јануари 2026

ЕХФ покрена постапка против Начевски и Николов, избришани од ЕП 2026

СВЕТ
10 јануари 2026

Зошто македонски вицепремиер учествуваше на настан што ги крши одлуките на Уставниот суд на БиХ?

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Лажен лекар измамил 77-годишен жител на Виница за над 430 илјади денари

СВЕТ
10 јануари 2026

Бугарија одбележана 140-годишнината од Српско-бугарската војна

СВЕТ
10 јануари 2026

Бугарката Љубомила Јорданова ја продаде својата германска компанија Plan A за 80 милиони долари

СВЕТ
10 јануари 2026

Трамп: Не мислам дека е неопходно по Мадуро да се апси и Путин

СВЕТ
10 јануари 2026

Бугарската EnduroSat гради нов космички развоен центар во Софија вреден 10,6 милиони евра

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 јануари 2026

Македонија пред најстрог закон против пушењето: Забрана во кафеани, тераси и за електронски цигари

ДРУГО
10 јануари 2026

Денес се празнуваат Светите Дваесет илјади никомидиски маченици - 10.1.2026 година

СВЕТ
09 јануари 2026

Бугарија пушти во работа една од најголемите батериски системи во Источна Европа

МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

Филипче: Прифаќањето мигранти со криминално досие може трајно да ја запре ЕУ интеграцијата

МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

Две лица од Скопје пронајдени мртви во викендичка во гостиварско

МАКЕДОНИЈА
09 јануари 2026

Шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони од 17 часот

СПОРТ
09 јануари 2026

Фудбалерите на Работнички одбија тренинг поради неисплатени долгови

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега