06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од 1 јануари 2025 година, Бугарија официјално ќе стане полноправна членка на еврозоната, со право на учество во донесувањето одлуки на Европската централна банка. Оваа историска одлука ја најави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, на конференцијата „Бугарија на прагот на еврозоната“, објави БГНЕС.
„Сите Бугари ќе слават заедно на 1 јануари“, изјави Георгиева, нагласувајќи дека приклучувањето кон еврозоната е резултат на децении дисциплинирана монетарна политика и стабилен Валутен одбор. Таа потсети дека ММФ одиграл клучна улога во создавањето на овој систем во 1990-тите, кој ја постави основата за макроекономска стабилност и доверба.
Со влегувањето во еврозоната, гувернерот на Бугарската народна банка, Димитар Радев, ќе добие право на глас во Европската централна банка за прашања како финансиска стабилност, визија за економскиот развој и дигиталното евро.
Георгиева истакна дека членството во еврозоната носи не само привилегии, туку и голема одговорност. „Она што е важно за Бугарија е дисциплината. Макроекономските индикатори мора да се одржуваат во одлична состојба. Добрата монетарна политика е предуслов за конвергенција со еврозоната“, рече таа.
Таа ги посочи примерите на Хрватска, која влезе во еврозоната во 2023 година, но истакна дека Бугарија е „уште поподготвена“, благодарение на Валутниот одбор и државната политика која ја подготви јавноста за транзицијата од левот кон еврото.
Според Георгиева, земјата се соочува со сериозни структурни предизвици – одлив на мозоци и намалување на населението. За нивно надминување, потребни се одговорни владини политики што ќе ја зачуваат економската стабилност и ќе ја поттикнат продуктивноста на приватниот сектор.
Таа ги наведе и трите клучни приоритети за наредниот период:
„Еврото ќе помогне, но само по себе не гарантира повисок животен стандард“, предупреди Георгиева. „Бугарија мора да ги обедини еврото и добрите политики за да ја зголеми својата конкурентност и куповна моќ. Целта е да се достигне европското ниво на живот во следната деценија.“
Со ова, Бугарија влегува во нова етапа од својата европска интеграција – етапа која, според Георгиева, ќе биде одбележана со стабилност, доверба и нови можности за економски раст.
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

