06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија останува целосно посветена на соработката со сите меѓународни организации и механизми во областа на човековите права, изјави министерот за надворешни работи Георг Георгиев при претставувањето на извештајот за исполнувањето на обврските на земјата во рамките на Универзалниот периодичен преглед на ОН за човекови права.
„Бугарија и натаму е активен член на Советот на ОН за човекови права и доследно ги спроведува преземените обврски“, нагласи Георгиев, истакнувајќи дека ова е втор мандат во изминатите пет години во кој земјата членува во Советот.
Во рамките на излагањето на бугарската делегација, Георгиев ги претстави главните законодавни измени и иницијативи спроведени по препораките добиени во претходниот преглед од 2020 година. Тој нагласи дека, и покрај глобалните предизвици, Бугарија продолжува да ги применува највисоките меѓународни стандарди во областа на човековите права.
Меѓу клучните мерки се издвојуваат борбата против нетолеранцијата и дискриминацијата, зајакнување на положбата на жените и девојките, заштитата на правата на децата и лицата со попреченост, како и поддршката за вклучување на ранливите групи во општеството. Георгиев додаде дека годинава се зајакнати националните институции за заштита на човековите права – избран е нов Народен правобранител и ново раководство на Комисијата за заштита од дискриминација.
Министерот истакна дека напорите на Бугарија во владеењето на правото, демократијата и човековите права се широко признати од меѓународната заедница. Тој потсети дека два од долгорочните механизми за следење на реформите во правосудството се веќе завршени, Бугарија е дел од Шенгенската зона, а во тек е процесот на приклучување кон еврозоната. „Овие достигнувања се доказ за континуираниот ангажман на бугарските власти кон демократските вредности и владеењето на правото“, рече Георгиев.
Тој додаде дека реформите придонеле за стабилна макроекономска средина, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард во земјата.
Во текот на интерактивниот дијалог, повеќе од 90 земји-членки на ОН ги претставија своите оценки и препораки за состојбата со човековите права во Бугарија. Посебно внимание беше посветено на борбата против семејното насилство, безбедноста на новинарите и интеграцијата на ромската заедница.
Како членка на ОН, Бугарија го поминува Универзалниот периодичен преглед на секои пет години – најголемиот механизам на ОН за следење на човековите права. Делегацијата, предводена од министерот Георгиев, ги вклучуваше и заменик-министрите на правдата, внатрешните работи и трудот и социјалната политика, како и претставници на клучните институции поврзани со оваа област.
По завршувањето на прегледот, Бугарија ќе има нов петгодишен период за спроведување на препораките дадени од меѓународната заедница.
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

