08 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската унија донесе нови, построги мерки за издавање визи за граѓаните на Русија, со кои во најголем број случаи се укинуваат визите за повеќекратен влез, пренесува Политико. Одлуката стапува на сила веднаш и значи дека руските патници ќе мора да аплицираат за нова, еднократна виза секојпат кога сакаат да патуваат во земјите-членки на ЕУ.
Европската комисија објасни дека мерката ќе овозможи „повнимателна и почеста проверка на апликантите со цел да се намали секој можен безбедносен ризик“. Комесарот за миграција Магнус Брунер најави дека ќе бидат воведени и „засилени процедури за проверка и повисоки нивоа на контрола“ за руските граѓани кои бараат визи.
Високата претставничка на ЕУ, Кaja Калас, на социјалните мрежи порача дека „тешко е да се оправда започнување војна и истовремено да се очекува слободно движење низ Европа“. Таа ги поврза новите правила со „сè почестите инциденти со дронови и саботажи на европска територија“, додавајќи дека „патувањето во ЕУ е привилегија, а не право“.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, ЕУ го суспендираше договорот за олеснување на визниот режим и го намали бројот на издадени визи за Руси – од околу 4 милиони годишно на само 500.000. Сепак, бројот на руски државјани кои влегле во ЕУ во 2024 година се зголемил за 10% во споредба со претходната година, најмногу благодарение на Унгарија, Франција, Шпанија и Италија, кои продолжуваат да издаваат визи во значителен број.
Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, изјави дека новите правила нема да важат за Руси кои веќе поседуваат важечки визи за повеќекратен влез. Ќе постојат ограничени исклучоци за лица со блиски членови на семејството во ЕУ, како и за дисиденти и независни новинари, кои ќе можат да добијат визи со важност до една година.
Како дел од 19-тиот пакет санкции против Русија, ЕУ планира и нови мерки насочени кон дипломатите на Кремљ. Тие ќе мора однапред да ги информираат државите-членки при патување низ Шенген зоната – мерка со која Унијата сака да одговори на „сè поагресивните разузнавачки активности“ на Русија.
Новите правила предизвикаа остри реакции и критики од страна на руската опозиција во егзил, која смета дека мерките дополнително ги отежнуваат контактите меѓу граѓаните и изолацијата на критичарите на режимот.
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

