03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново остро реагираше по инцидентите што се случија по натпреварот со Победа во Прилеп, кој заврши со минимална победа од 0-1 за гостите. Наместо славје по освоените три бода, мечот беше засенет од несportски сцени и недолично однесување на дел од публиката и присутните на стадионот.
По крајот на средбата, според информациите од клубот, едно лице се обидело да влезе во соблекувалната на гостинскиот тим, што предизвикало тензична ситуација. За време на мечот, од трибините биле забележани и расистички навреди и провокации насочени кон играчите на Шкендија.
Во своето официјално соопштение, клубот изрази длабоко разочарување и осудa на ваквите постапки, нагласувајќи дека „сцените што денес се случија на стадионот во Прилеп немаат никаква врска со фудбалот и спортскиот дух“. Шкендија потсети дека расизмот, навредите и насилството се спротивни на вредностите што фудбалот треба да ги промовира.
„Расистичките навреди, провокациите и непримерното однесување не му помагаат на спортот – напротив, тие го нарушуваат угледот на фудбалот, на клубот и на самото натпреварување,“ се вели во соопштението.
Клубот од Арачиново побара Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да преземе итни и соодветни мерки против организаторите на натпреварот, со цел да се спречат вакви инциденти во иднина.
„Од ФФМ бараме да изрече заслужени санкции кон организаторите, за да не се дозволи повторување на вакви инциденти. Фудбалот е игра што треба да обединува, а не да разделува,“ порачуваат од клубот.
Со оваа реакција, Шкендија Арачиново испрати јасна порака дека нема да толерира говор на омраза и насилство на спортските терени, барајќи поголема одговорност и дисциплина во македонскиот фудбал.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

