06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
ФК Пелистер денеска објави дека ги прекинува сите односи со Вардар, откако по натпреварот од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран на 5 ноември во Битола, дојде до оштетување на делови од јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“, каде што беа сместени навивачите на скопскиот клуб – „Комити“.
Од битолскиот клуб соопштија дека се револтирани од однесувањето на гостинските навивачи, кои оставиле налепници и потписи на трибините, а дел од столчињата биле скршени и дури запалени. Поради тоа, како и поради, како што велат, некоректниот однос на управата на Вардар, донесена е одлука скопјани повеќе да не бидат добредојдени во Битола.
„Заради заштита на нашиот стадион, во иднина нема да дозволиме присуство на гостински навивачи на натпреварите на ‘Петар Милошевски’. Дополнително, го осудуваме присуството на големо и вооружано обезбедување во свечената ложа на извршниот директор на Вардар, што не доликува на спортски натпревар“, стои во соопштението на Пелистер.
Клубот исто така ја осуди реториката на некои медиуми и објави на социјалните мрежи од високи претставници на Вардар, кои, според нив, поттикнувале омраза и инциденти.
„Одлучивме да ги прекинеме институционалните односи со ФК Вардар. За оваа управа нема повеќе место на нашиот стадион, во свечената ложа и во ВИП-просторот. Пелистер ќе го почитува секој што ќе покаже почит кон нас“, се додава во соопштението.
Сепак, Пелистер остава простор за идно помирување, доколку во Вардар се направат кадровски промени кои ќе ја вратат соработката на достоинствено ниво.
По 12 одиграни кола во ПМФЛ, Вардар е лидер со 30 бодови, додека Пелистер се наоѓа на десеттата позиција со осум бодови.
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

