TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
СПОРТ

Балканот ни се потсмева: Славниот Вардар не може да собере ниту 3.000 гледачи за меч во Лига на шампиони!!?

08 јули 2026

• од Темелко Тошев

Покрај очајното издание кое го демонстрираше Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против финскиот КуПС, како и аматерската подготовка на тимот за еден ваков европски предизвик на кој се чекаше повеќе од шест години, „црвено-црните“ се најдоа во фокусот на регионалното внимание поради уште една поразителна причина – очајната посета на нашиот најголем стадион.

Апатија, бојкот или тивка „војна“?

Вардар, де факто, од поодамна не привлекува внимание кај сопствената навивачка и симпатизерска база од главниот град. Иако се работи за натпревар од елитно европско натпреварување, се чини дека интересот е драстично опаднат дури и кај добар дел од најверната навивачка група „Комити“. Познато е дека тие од почетокот на минатата сезона се во „војна“ со актуелниот извршен директор на клубот, Миленко Неделковски, па колку и да постои некое привидно договорено „примирје“, последиците се очигледни.

Крајниот епилог од целата оваа ситуација беше мачна слика: официјално само 3.512 гледачи на трибините на арената „Тодор Проески“ во Скопје на натпреварот против Финците. Што би се рекло, исполнет беше едвај околу 10% од капацитетот на Арената.

Регионот во неверување: Каде исчезна македонскиот гигант?

Оваа бројка и тоа како привлече внимание кај регионалните и европските медиуми, кои се вчудоневидени од слабата поддршка која ја има некогаш славниот Вардар – едно од најголемите фудбалски имиња во поранешна Југославија.

Босанскиот спортски портал „Спортспорт“ посвети посебно внимание на овој феномен, истакнувајќи го разочарувањето од празниот стадион:

„Само 3.512 гледачи се собраа на најголемиот стадион во Македонија, што е навистина разочарувачка бројка за европски натпревар од ова значење. Особено кога знаете каква историја има Вардар и колку многу значеше овој клуб за генерации навивачи. Во минатото, името Вардар беше синоним за полни трибини, одлична атмосфера и голема поддршка од сите страни, додека денес сликата изгледа сосема поинаква.“

Модерниот фудбал бара многу повеќе од „стара слава“

Босанскиот медиум прецизно ги лоцира причините за овој пад, посочувајќи дека модерниот фудбал одамна е многу повеќе од само 90 минути игра на теренот. Клубовите денес инвестираат огромни ресурси во маркетинг, промоција, социјални мрежи, фан зони и целосно искуство за навивачите.

„Проблемот со малата посетеност беше дискутиран и во деновите пред натпреварот. Бројни навивачи, како и луѓе блиски до клубот, предупредија дека со години е вложено премалку труд за поврзување со публиката. Вардар има богата традиција и големо име, но тоа веќе не е доволно за да привлече илјадници луѓе на стадионот.“ – додаваат од Спортспорт.

Лекција која раководството мора да ја научи

Како што заклучуваат медиумите од соседството, голем клуб не е составен само од трофеи од минатото. Пред сѐ, тој е составен од полни трибини и силна врска со навивачите. Токму тоа ја покажува успешноста на едно раководство.

Недостатокот на квалитетна промоција, организирани активности за публиката, модерна продавница за реквизити и континуирана комуникација оставија длабоки лузни кои денес јасно се гледаат на трибините. Навивачите сакаат чувство на припадност и сакаат да бидат важен дел од иднината на клубот. Кога тоа го нема, интересот полека згаснува, без оглед на името на противникот или важноста на мечот.

Вардар ќе мора многу повеќе да работи на овој сегмент доколку сака да се врати на старите патеки – да биде симбол на македонскиот фудбал кој без проблем ги полни стадионите во европските вечери. Времето на живеење од стара слава е одамна поминато.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
25 јули 2026

Казахстанскиот претседател го повика Путин да размисли за замрзнување на војната во Украина

СВЕТ
25 јули 2026

Зеленски: Русија ѝ помага на Иран со сателитски снимки за напади врз американски бази

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Фрчкоски обвинува: Власта троши 5 милиони евра за прослави, додека граѓаните немаат чиста вода за пиење

СВЕТ
25 јули 2026

Виена против забрзано проширување на ЕУ: „Истите правила мора да важат за сите“

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Дрска кражба кај Драчево: Уништена железничка инфраструктура, штетата се проценува на 5 милиони евра!

СВЕТ
25 јули 2026

Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет

СВЕТ
25 јули 2026

Нов удар за Москва: Руската економија се движи кон стагнација, прогнозите се влошуваат

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Јотова категорична: Нема отстапување од националниот интерес, Северна Македонија има проблем со историската правда

СВЕТ
25 јули 2026

Револуција во Бугарија: Личната карта, возачката дозвола и дипломите се селат во мобилниот телефон

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Шукова: Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи со навремена реакција

СВЕТ
25 јули 2026

Романија собори втор руски дрон за помалку од 24 часа

СВЕТ
25 јули 2026

Софија се шири под земја: Третата метро линија наскоро со три нови станици

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Кети Штерјова од СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го труе Скопје, бараме итна одговорност за загадувањето на Лепенец!

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Агим Селами ја објави виталната статистика за 2025: „Само Албанците - муслиманите гледаат иднина во оваа држава“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
25 јули 2026

САД и Бугарија го зајакнуваат енергетското партнерство: Во фокусот „Козлодуј“ и Вертикалниот гасен коридор

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Двоен удар за скопјани: Решенијата за данок на имот не само што доцнат, туку и носат повисоки суми

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Демографија 2025: Македонците со негативен, Албанците со позитивен природен прираст

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Ѓорѓиевски најавува санкции: Невообичаена бела пена го прекри вливот на Лепенец во Вардар

СВЕТ
25 јули 2026

Специјалниот претставник на НАТО во посета на Катар: осуда за иранските напади и продлабочување на соработката

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Апсени тројца млади од струмичко - кај нив пронајдени кокаин и марихуана

МАКЕДОНИЈА
25 јули 2026

Водата неисправна за пиење, СДСМ обвинува за негрижа и доцнење од страна на институциите

СВЕТ
25 јули 2026

Илијана Јотова најави кандидатура за претседател на Бугарија на претстојните избори

ДРУГО
25 јули 2026

Денеска 25 јули 2026 година се празнуваат Светите маченици Прокл и Илариј

СВЕТ
24 јули 2026

Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ одбележа пет години служба

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
24 јули 2026

Доналд Трамп лично му се заблагодари на Радев: Бугарија одобри користење на воздушната база „Безмер“

СВЕТ
24 јули 2026

Фон дер Лајен и Калас: Русија ја губи војната, но брутално таргетира цивили и дипломати

СВЕТ
24 јули 2026

Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега