25 јули 2026
• од Никола Трајковски
Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев го повика рускиот лидер Владимир Путин да размисли за прекин на борбите во Украина и враќање на обновени преговори според моделот од Истанбул во 2022 година.
Токаев ова го изјави за време на средбата со Путин во рускиот град Омск, посочувајќи дека добива сигнали од Европа и САД за состојбата со војната.
„Можеби е време да се замрзне овој конфликт и да се врати формулата од Истанбул 2.0, бидејќи таму беа постигнати значајни резултати“, изјави Токаев, повикувајќи на договор со гаранции од големите сили.
Казахстанскиот лидер нагласи дека не сака да биде посредник меѓу Москва и Киев, но порача дека решението треба да води кон „долгоочекуван мир“.
Казахстан, кој е близок економски партнер на Русија, од почетокот на руската инвазија се обидува да одржи балансирана позиција. Земјата повикува на дипломатско решение, но досега не застана отворено зад конкретен мировен план.
Русија во последниот период ја зацврсти својата позиција во преговорите и одбива повици за едностран прекин на огнот, тврдејќи дека тоа би ѝ овозможило на Украина да ги зајакне своите одбранбени способности.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

