23 јули 2026
• од Димитар Стојановски
СДСМ обвини дека случаите со неисправна вода за пиење во Гостивар, Валандово, болницата во Лешок и Крушево укажуваат на системски проблем во институциите задолжени за безбедноста на водоснабдувањето.
Од партијата тврдат дека за краток период се регистрирани повеќе случаи на бактериолошки неисправна вода и прашуваат дали има и други средини каде што граѓаните користат небезбедна вода без навремено да бидат информирани.
Во реакцијата, СДСМ ја критикува Владата, оценувајќи дека наместо да ги решава проблемите со водоснабдувањето, се фокусира на промоција на инфраструктурни проекти. Партијата бара надлежните институции да спроведат темелни контроли и редовно да ја информираат јавноста за квалитетот на водата за пиење.
СДСМ оценува дека станува збор за системски пропусти во работењето на институциите и упатува критики за кадровската политика на Владата, барајќи поголема одговорност за заштита на јавното здравје.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

