15 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ денеска соопшти дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ наместо да одговори на, како што велат, легитимни прашања од јавен интерес, прибегнува кон „фабрикување лаги“ и обвинувања дека опозицијата шири паника.
Од СДСМ поставија низа прашања до ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и дали Соединетите Американски Држави ја ставиле Македонија на листа со 75 земји, „меѓу кои е и Сомалија“, како и каква била улогата на вицепремиерот и близок соработник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на настан на кој присуствувале припадници на руската група „Ноќни волци“, заедно со лица обвинети или осудени за корупција и криминал.
Во соопштението се наведува дека, според СДСМ, „паниката е голема кај ВМРО“, особено во пресрет на почетокот на примената на Законот за Западен Балкан. Опозицијата оценува дека политиката на приближување кон српскиот претседател Александар Вучиќ и, како што велат, преземањето на „авторитарни модели“ преку „copy-paste“ кампањи, ја турка Македонија во изолација од САД и Европската Унија.
СДСМ тврди дека намерно се предизвикуваат конфликти со Грција и Бугарија со цел да се запре процесот на европска интеграција, а сето тоа го ставаат во контекст на, како што ја нарекуваат, „широка кампања за изолација на Македонија и нејзино претворање во црна точка на Европа“.
Во продолжение, опозициската партија поставува и серија прашања поврзани со јавните финансии и тендерските постапки: дали во декември недостасувале една милијарда евра, дали сега недостасуваат две милијарди, како и за доделување на 161 тендер на една фирма, 51 тендер од општини, наводни исплати од девет милиони евра за двајца вработени, тендер во Пошта вреден 1,2 милиони евра и, како што наведуваат, „тендерската мрежа на Доновски и неговата сопруга“.
Дополнително, од СДСМ прашуваат и за работењето на Алта банка и за состојбата со мигрантите.
„Наместо секојдневно да фабрикувате лажни вести и да ја дефокусирате јавноста, одговорете на овие прашања кои се важни за иднината на Македонија“, порачуваат од СДСМ.
СДСМ прашува: Каде ја води Мицкоски Македонија – на иста листа со Сомалија?
Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

