01 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, вечерва од граѓанскиот собир во општина Конче упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата дека преку различни институции врши притисок врз граѓаните и се обидува да го врати времето на страв и уцени.
„Со полиција, финансиска полиција, шумска полиција, преку социјалните служби, прават притисок врз граѓаните. Сакаат да потсетат на времето кога сите живеевме во страв и уцени. Но тоа време заврши. Луѓето сакаат нормален живот, без притисоци, без закани, без поткуп,“ изјави Филипче пред присутните.
Филипче ги повика жителите на Конче масовно да излезат на изборите в недела и да дадат поддршка за кандидатот на СДСМ за градоначалник, Благој Илиев. Тој истакна дека граѓаните најдобро можат да ја препознаат разликата во начинот на работа меѓу Илиев и актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Благој работеше во минатиот мандат. Знаете како се однесуваше додека беше градоначалник, знаете дека вратата му беше секогаш отворена, работеше за доброто на општината и за вас граѓаните,“ рече Филипче.
Тој нагласи дека по мандатот на Илиев, граѓаните можеле да видат очигледна разлика во управувањето со општината. „Сега, кога имаме временска дистанца од четири години, можете најдобро да воочите каква е разликата – како е кога градоначалник е некој како Благој и како е кога тоа е човек од ВМРО-ДПМНЕ, кој работи дијаметрално спротивно,“ изјави претседателот на СДСМ.
Според него, градоначалниците на СДСМ реализирале меѓу 90 и 100 проценти од ветувањата, додека оние на ВМРО-ДПМНЕ само околу 20 проценти.
Филипче ја обвини Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема ништо за да ги ублажи последиците од растот на трошоците за живот. „Цените растат без контрола. За година и половина, Владата не ги зголеми платите и не им помогна на граѓаните во услови кога цените на храната растат од месец во месец,“ рече тој.
На крајот, лидерот на СДСМ порача дека граѓаните заслужуваат мирен, стабилен и достоинствен живот без притисоци, закани и поткуп, а дека тоа може да се обезбеди само со демократска власт која работи за нивниот интерес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

