06 март 2026
• од Тодор Вангелов
Кипарското претседателство на Европската унија ќе ги одложи или ќе ги одржи онлајн сите состаноци на ЕУ што требаше да се одржат на островот во март. Причината е тековната криза на Блискиот Исток.
Според нив, сите состаноци на ниво на министри ќе бидат преместени за подоцна. Конференциите и средбите на експертско ниво ќе се одржуваат преку видеоконференција.
„Поради случувањата во регионот имаше проблеми или откажувања на летови не само кон Кипар, туку и кон други земји во регионот. Затоа моравме да бидеме флексибилни,“ изјавил еден од кипарските претставници.
Кипар, третата најмала земја во ЕУ, го презеде претседателството со Советот на ЕУ во јануари. Ова е втор пат Кипар да претседава со Унијата откако се приклучи во 2004 година.
Кризата веќе предизвика одложување на состанокот на министрите за европски прашања, кој требаше да се одржи на 2 и 3 март, како и на состанокот на министрите за култура на 5 и 6 март.
Во март беа планирани и други важни состаноци. Меѓу нив се средбата на министрите за одбрана на 11 и 12 март, состанокот за телекомуникации на 23 и 24 март, состанокот на министрите за финансии на 27 и 28 март, како и Советот за истражување и конкурентност на 30 и 31 март.
Засега не е одложен неформалниот состанок на Европскиот совет со сите лидери на ЕУ, кој е планиран за 23 и 24 април во Кипар. Кипарското претседателство планирало на тие разговори да покани и лидери од поширокиот регион за да се разговара за состојбата на Блискиот Исток.
Во меѓувреме, Грција, Франција и Шпанија испратија воени бродови и борбени авиони во Кипар. Ова се случи откако ирански дронови претходно оваа недела ги таргетираа британските воени бази на островот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

