TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

06 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) го презентираше тематскиот извештај за дискриминацијата на жените Ромки во областа на работните односи, во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Извештајот има цел да укаже на значењето на еднаквоста, недискриминацијата и заштитата на правата на жените, особено на оние кои се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација.

Во документот се анализира состојбата со дискриминацијата во работните односи во периодот од 2022 до 2024 година, при што се даваат и препораки за институционални и системски мерки за надминување на структурните бариери со кои се соочуваат Ромките при вработувањето.

Според податоците од пописот во 2021 година, Ромите сочинуваат околу 2,53 проценти од вкупното население во државата. Сепак, економската состојба на оваа заедница покажува сериозни разлики во однос на останатото население. Во 2023 година општата стапка на невработеност изнесувала 13 проценти, додека кај ромската популација достигнувала дури околу 67 проценти.

Особено загрижувачка е состојбата со вработеноста на жените Ромки. Според извештајот, само 8 проценти од нив се вработени, што укажува на значителна структурна исклученост од пазарот на трудот. Голем дел од Ромките работат во неформалниот сектор, каде што најчесто немаат социјална и здравствена заштита и имаат ограничен пристап до програмите и мерките за вработување.

Членот на Комисијата, Зекир Абдулов, посочи дека бројот на поднесени претставки за дискриминација е многу низок, иако проблемот е широко распространет.

„Од 407 новоотворени случаи во 2024 година, приближно 40 проценти се однесуваат на потенцијална дискриминација на работно место или при вработување. Сепак, само три случаи се поврзани со дискриминација врз Роми во областа на вработувањето, а само во еден од нив е утврдена дискриминација“, изјави Абдулов.

Тој објасни дека Комисијата постапува по претставки поднесени од граѓани, при што се разгледуваат аргументите на двете страни – подносителот на жалбата и лицето или институцијата против која е поднесена претставката. По разгледувањето на случајот, Комисијата утврдува дали постојат елементи на дискриминација и изготвува мислење со препораки за отстранување на неправедната положба во која се наоѓа дискриминираното лице.

Во однос на улогата на судовите, Абдулов појасни дека во некои случаи судските одлуки го потврдуваат мислењето на Комисијата, но има и случаи кога пресудите се спротивни.

„Судот е независен орган, а нашата ингеренција завршува со покренување прекршочна постапка доколку не се постапи по нашите препораки“, додаде тој.

Во извештајот се нагласува дека правното и економското зајакнување на Ромките е клучно за зголемување на користењето на механизмите за заштита од дискриминација, како и за нивно поголемо учество во процесите на донесување политики кои директно ги засегаат.

Абдулов го посочи и проблемот со испразнетите работни места во јавната и државната администрација. Според него, во случаи кога Роми ќе ја напуштат својата позиција, на тие работни места често повеќе не се вработуваат припадници на ромската заедница, што претставува сериозно прашање кое бара институционално внимание.

И покрај одреден напредок, реалноста покажува дека жените Ромки и понатаму се соочуваат со бројни предизвици, вклучително дискриминација, родово базирано насилство, економска нееднаквост и недоволна застапеност на раководни позиции.

На крајот, беше упатен апел до носителите на одлуки да креираат политики засновани на еднаквост, до работодавачите да обезбедат еднакви можности и услови за работа, а до јавноста – да придонесе во надминување на стереотипите и предрасудите и во заштита од секаков вид насилство и дискриминација врз жените.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
23 април 2026

Струмичките земјоделци во неизвесност: Ако цената на зелката падне под 20 денари, следната сезона е под знак прашалник

СВЕТ
23 април 2026

Воената академија во Софија со свечена церемонија одбележа 114 години од своето основање

СВЕТ
23 април 2026

Трамп тврди дека спасил осум жени од егзекуција во Иран

МАКЕДОНИЈА
23 април 2026

КРАЈ ЗА ШЕТАЊЕТО ПО ШАЛТЕРИ: МВР потврди дека уплатниците за „Безбеден град“ повеќе не се носат во станица

МАКЕДОНИЈА
23 април 2026

Османи со жестоки критики: Законот за правична застапеност е велепредавство на албанските интереси

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 април 2026

Дескоски: Просветниот инспекторат понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите го гледаат

МАКЕДОНИЈА
23 април 2026

Герасимовски: Срам ми е кога ги носам децата на училиште и прескокнуваме ѓубре

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

Австрискиот канцлер до Мицкоски: Сите страни од Западен Балкан да ги исполнат обврските – уставните измени клучни

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

ДПИ „чешла“ низ бизнисите: Во секоја четврта фирма откриени неправилности, изречени казни од над 58.000 евра

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

ХРОНИЧНА НЕОДГОВОРНОСТ: Пациентите со дијабетес два месеци без сензори поради задоцнети тендери

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

„Никој не го сфати пожарот сериозно“: Потресно сведочење на повредената Теа за кобната ноќ во „Пулс“

СВЕТ
22 април 2026

Берн: Над 120.000 Албанци од Балканот со швајцарски пасоши

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

Млади претприемачи од Македонија и Бугарија ги усовршуваат дигиталните вештини во Банкја

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

Зелено светло за граничниот премин „Струмјани – Берово“: Еколошките процедури се завршени

СВЕТ
22 април 2026

Трамп се приклучува на библискиот маратон во Вашингтон во ек на тензии со Ватикан

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
22 април 2026

Папата Лав XIV со драматично предупредување: Иднината на човештвото е загрозена од војните

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР: Осуденик „олеснет“ за 890.000 денари – му ветувале слобода, му ги зеле парите

СВЕТ
22 април 2026

Модернизација во Бугарија: EUROFIMA го кредитира БДЖ со 22 милиони евра за набавка на 91 германски вагон

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

ЛЕВИЦА: Додека власта се гоштева со народни пари, македонскиот работник зема брзи кредити за леб!

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

ДРАМА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР: Скопјанка нападната од глутница од над 20 кучиња додека вози велосипед

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

Трагедија во Гостиварско: Тетовчанец го загуби животот додека извршувал работни задачи

СПОРТ
22 април 2026

СРАМ ВО СТРУШКИОТ ФУДБАЛ: Караорман прими „петарда“, па во 49. минута остана со шест играчи на теренот!

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

Љубчо Георгиевски: Македонските комунисти ги штителе ванчовистите од бугарскиот прогон

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

Нападнат курир на брза пошта во Гостивар за време на работните задачи

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Здравствениот систем пред колапс – секој четврти граѓанин е „социјален случај“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
22 април 2026

ЕУ го финализира заемот од 90 милијарди евра за Украина по повлекувањето на ветото од Унгарија

СВЕТ
22 април 2026

Бугарија се подготвува за голема промена: Радев планира автопат од Бургас до Варна и возови со 200 км/ч

МАКЕДОНИЈА
22 април 2026

ДУИ со остри обвинувања: Оваа Влада е антиалбанска, антиевропска и последното руско прокси во регионот

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега