06 март 2026
• од Гоце Кически
Трамп објави на својата платформа Truth Social, во која изјави дека САД нема да прифатат никаков договор со Иран освен „безусловна капитулација“.
Во објавата, Трамп нагласи дека секој можен договор со Техеран би бил условен со целосно повлекување на иранското раководство и избор на, како што напиша, „одличен и прифатлив лидер или лидери“.
„Нема да има договор со Иран освен безусловна капитулација“, напиша Трамп, додавајќи дека по таков развој на настаните САД, заедно со своите „прекрасни и многу храбри сојузници и партнери“, ќе работат на економско обновување на земјата.
Според него, целта би била Иран повторно да стане „економски поголем, подобар и посилен од кога било досега“.
Во пораката, Трамп исто така употреби слоган „Make Iran Great Again (MIGA)“, алудирајќи на неговата позната политичка парола „Make America Great Again“.
Тој заврши со кратка порака: „Иран ќе има голема иднина. Ви благодарам за вниманието на ова прашање.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

