09 март 2026
• од Вардарски
Педесет и четиригодишна жена од Скопје била повикана на службен разговор во Полициската станица во Шуто Оризари, откако нејзината снаа поднела пријава за вознемирување и навреди што траеле подолг временски период.
Според информациите од полицијата, на 7 март 2026 година околу 16:00 часот, полициски службеници извршиле службен разговор со лицето со иницијали Х.М. (54) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава поднесена од нејзината 29-годишна снаа.
Во пријавата се наведува дека во изминатите две години пријавената постојано ја навредувала снаата, а во минатото имало и физички напад врз неа.
За време на службените активности, жената се однесувала агресивно и кон полициските службеници.
По целосното расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

