08 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во најновото издание на подкастот „Почетна Пресметка“, новинарот Саше Ивановски – познат во јавноста како Саше Политико – изнесе критичка анализа за политичкиот капацитет на поранешниот премиер Зоран Заев да ги реши клучните национални прашања, особено односите со Бугарија.
Ивановски смета дека Заев влегол во обид за решавање на бугарското прашање во момент кога неговиот политички капитал бил сериозно намален.
Според него, по потпишувањето на Преспански договор, Заев „веќе изгуби многу политички поени“ и бил „веќе истрошен политички“.
Новинарот прави паралела со митолошката метафора за сечење на „Гордиевиот јазол“, алудирајќи дека од еден политичар не може да се очекува да пресече два огромни историски спора во краток временски период:
„Не можеше он да реши два големи гордиеви јазли и да ги пресече како Александар Македонски.“
Според Ивановски, решавањето на спорот со Грција било веќе огромен товар, а отворањето на фронт со Бугарија во такви околности било политички пресилен зафат.
Како клучен момент, Ивановски го посочува интервјуто што Заев го даде за бугарската агенција БГНЕС, во кое најави подготвеност за компромиси и со Бугарија.
Според него, токму тогаш се видело дека Заев нема доволна внатрепартиска поддршка. Ивановски тврди дека дел од структури во рамките на СДСМ, вклучително и поранешниот лидер Бранко Црвенковски, се спротивставиле и му нанеле сериозен политички удар.
„Кога му се пуштија од СДСМ одзад грб... партали го направија.“
Најострата теза во излагањето на Ивановски е поврзана со влијанието на поранешните безбедносни структури. Тој тврди дека:
„Премногу е укопана УДБА во македонското општество за Заев да може да го реши тоа.“
Според него, додека грчкото прашање не било толку длабоко поврзано со тие структури, „на бугарското прашање корените се длабоки“.
Ивановски изразува скепса дека ваквото влијание лесно може да се надмине, додавајќи дека „УДБА сигурно нема да го остави овој простор без влијание“.
На крајот од анализата, новинарот признава дека не гледа јасен механизам за решавање на спорот со Бугарија во услови на, како што вели, силно вкоренети структури и историски наративи.
„Не знам како ќе се решава прашањето.“
Со ова, Ивановски ја отвора дилемата дали политичката волја сама по себе е доволна за решавање на сложени историско-идентитетски спорови, или пак, како што тврди, постојат подлабоки системски фактори што ја ограничуваат маневарската способност на секој лидер.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

